Инстаграм воведе ознака за известување за лажни информации со цел да спречи ширење на истите. Ознаката “лажна информација“ ќе се користи за објавите кои се откриени и означени како лажни, а за тој процес ќе бидат задолжени „проверувачите на факти“ на Фејсбук.
Новата ознака ќе се жири преку социјалните мрежи од следниот месец, а ќе се појавува на Stories, како и на постовите кои се прикажуваат на главниот News Feed на Инстаграм.
Корисниците на социјалните мрежи и понатаму ќе можат да го видат оригиналниот пост, но ќе мора да одберат опција за да ја погледнат пораката. (See Post).
Инстаграм ќе ги предупредува корисниците кои се обидуваат да споделат објава што претходно била означена како лажна.
Пред објавувањето, тие ќе видат предупредување дека „проверувачите на факти“ откриле дека пораката содржи лажни информации, а ќе им биде понуден и линк за повеќе информации. Корисниците сепак ќе можат да ја споделат објавата, но истата ќе биде обележана за ознака за лажна информација.
Оваа опција е досега најагресивниот начин за борба против ширењето на вирални дезинформации, оценуваат медиумите.