Минатата година, технолошката компанија Мета воведе приспособливи аватари на социјалната мрежа Инстаграм кои корисниците можат да ги користат како стикери или профилни слики. Но, кога функцијата пристигна за прв пат, повеќето мораа да одлучат дали да користат реална фотографија од себе или нивниот аватар. Платформата сега нуди можност да ги употребувате и двете истовремено.
Новото ажурирање им овозможува на корисниците да користат динамична икона на профилот која автоматски се врти како паричка со две лица – нивната фотографија од една страна и нивниот аватар од друга страна, секогаш кога некој ќе ја посети нивната профилна страница.
Притоа, цртаната верзија на себе доаѓа со уште една дополнителна анимација, мавтајќи им со рака во значење на „здраво“ на сите оние кои што го посетуваат вашиот профил.
New profile pic, who this?
Now you can add your avatar to the other side of your pic — and people who visit your profile can flip between the two 🪙 pic.twitter.com/hEyzW4G19W
— Instagram (@instagram) January 24, 2023
Овозможувањето на динамичната икона на профилот е достапно преку копчето “Edit Profile”.
Со оглед на зацртаната визија за иднината на Мета, тесно поврзана со дигиталниот „метаверзум“, воведувањето на динамичната икона би требало да ги поттикне корисниците да создадат сопствен дигитален идентитет и да развијат чувство на удобност во прикажувањето на дигитална верзија на себе пред онлајн светот.
Слични приспособливи аватари во цртана форма де достапни и на сестринските платформи Facebook и WhatsApp.