Социјалната мрежа Instagram го најави воведувањето на нови алатки за родителска заштита и безбедност на малолетниците. Најавата за новите алатки доаѓа во контекст на сведочењето на генералниот директор Адам Мосери пред американскиот Конгрес за ризиците кои ги носи платформата во однос на децата и тинејџерите.
Според најавите, почнувјќи од март 2022, родителите ќе бидат информирани за тоа колку време нивното дете поминува на Инстаграм. Родителите исто така ќе можат да го лимитираат времето на користење на платформата за своите деца, а ќе добиваат и нотификавии кога нивното дете пријавило некого на платформата.
Од друга страна, малолетниците ќе добиваат „потсетување“ за пауза кога поминале долго време на платформата. Исто така, Инстаграм ги оневозможува другите корисници да означуваат малолетници доколку тие не ги следат.
„Ќе продолжиме да истражуваме, да се консултираме со експерти и да тестираме нови концепти кои подобро ќе им служат на тинејџерите“ – истакнува генералниот директор на Инстаграм, Адам Мосери.
„Јас сум горд што младите луѓе го користат Инстаграм за да се поврзуваат со луѓето кои им значат најмногу, да ги истражуваат своите интереси и да ги истражуваат своите идентитети. Но, ништо од тоа нема да функционира доколку луѓето не се чувствуваат безбедни на Инстаграм“ – додава Мосери.