Социјалната мрежа Инстаграм соопшти дека постепено ќе имплементира функција за едноставно „тагирање“ (означување) на производи во објавени фотографии на корисниците.
Претходно, ваквата опција беше достапна само за избрана група на регистрирани бизниси кои можеа да ги означуваат своите производи, но во следните месеци функцијата ќе стане достапна за сите корисници во САД, а потоа, веројатно, и за останатите пазари.
Благодарение на оваа функција, публиката на Инстаграм ќе може полесно да се запознава и да пристапува кон нови производи кои се присутни во објавите на нивните омилени инлфуенсери и креатори на содржини.
Дополнително, компаниите ќе добиваат нотификација кога некој корисник означил некој нивен производ. На овој начин компаниите ќе можат да ја следат популарност на нивните производи, но и да контролираат кој ги означил.
„Луѓето доаѓаат на Инстаграм за да споделат и да откријат трендови и инспирација. Означувањето на производите ќе му овозможи на секој да ги поддржи своите омилени мали бизниси, да сподели како го стилизирале својот изглед заедно со производите што ги користеле и многу повеќе“, се посочува во соопштението на Инстаграм.