Иако на Инстаграм не се среќаваат толку лажни објави како што е случај со Фејсбук, аналитичарите посочуваат дека тие може да бидат и поефикасни при ширење лажни информации.
Инстаграм најави воведување опција што ќе им овозможи на корисниците да ја обележат содржината за која сметаат дека е лажна и со тоа да ја направат невидлива за другите корисници.
Иако објавувањето лажни информации на Инстаграм не е забрането, нивното означување е првиот чекор што Инстаграм го презеде во борбата против лажните вести и лажните информации што се шират на социјалните мрежи. Како што е добро позната практика на социјалната мрежа Фејсбук, во иднина ваквите информации ќе биде потешко да се шират и на самиот Инстаграм.
Уште во мај, Фејсбук започна со препознавање фотографии на Инстаграм за автоматски да ги отстрани сите содржини од Инстаграм кои на Фејсбук се обележани како лажни или невистинити. Објавите што ги препознава алгоритмот како лажни нема да бидат избришани, но ќе бидат отстранети од категоријата „истражи“ и нема да се појавуваат во резултатите од пребарувањето.
Пријавувањето лажни објави на Инстаграм засега ќе биде возможно само во САД, а постепено треба да биде достапно и во другите делови на светот.
Иако на Инстаграм не се среќаваат толку лажни објави како што е случај со Фејсбук, аналитичарите посочуваат дека тие може да бидат и поефикасни при ширење лажни информации. Имено, корисниците на Инстаграм се многу поактивни во лајкување, коментирање и споделување на содржини отколку корисниците на Фејсбук.
Дали ова ќе помогне да се запре ваквиот тренд останува да се види. Фактографите кои работат со Фејсбук се скептични и не веруваат дека самите корисници можат ефикасно да ги препознаваат и пријавуваат лажните постови.