Градовите Вилинус во Литванија и Љублин во Полска се поврзаа со футуристички „портал“ преку кој жителите на двата градови можат да се гледаат помеѓу себе во реално време.
Иако изгледа како нешто од научнофантастичен филм, за жал, низ „порталот“ сé уште не може да се помине, туку се работи за два големи кружни екрани кои преку интернет врска поврзуваат снимки од двете паралелни локации во реално време.
Инсталацијата е произлезена од партнерството на фондацијата Benediktas Gylys и Техничкиот универзитет Gediminas во Вилинус, односно неговиот отсек LinkMenų fabrikas. Целта на проектот е да претставува „мост кон обединетата планета“, како одговор на „социјалната поларизација“ и „изолираната перцепција“ во светот.
„Мост кон единството, покана да се издигнеме над предрасудите, над несогласувањата кои припаѓаат на минатото… ова е покана да се издигнеме над илузијата на ‘ние и тие’“ – се истакнува во соопштението на фондацијата Benediktas Gylys.
Проектот бил подготвуван пет години, а после Вилинус и Љублин, следни градови кои ќе бидат поврзани со „порталот“ се Лондон во Британија и Рејкјавик во Исланд, со тенденција за понатамошно ширење на мрежата.