Социјалната платформа Инстаграм ја воведува функцијата Recap Reels која на корисниците им овозможува автоматски да создадат уникатен „Преглед на годината“ со само неколку од нивните омилени фотографии или видеа.
За креирање на личниот преглед за 2022 година, корисниците едноставно треба да изберат најмалку 3 или најмногу 14 фотографии или видеа, кои автоматски ќе се искомбинираат во висококвалитетно вертикално видео.
Корисниците исто така можат да го изберат својот претпочитан стил на нарација со гласовите на познати личности, вклучувајќи ги порториканскиот рапер Bad Bunny, американскиот продуцент DJ Khaled, индискиот рапер Badshah и актерката Прија Фергусон од серијата Stranger Things.
Функцијата почна да се имплементира во понеделникот, а за корисниците е достапна преку делот на апликацијата наменет за видеа, т.н. “Reels”. Дел од корисниците ќе добијат и директна нотификација за да ги создадат своите прегледи за 2022 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram