Во трговскиот центар Citypark во Љубљана, словенечкиот ланец на супермаркети SPAR постави иновативна дигитална реклама пред влезот на својот тамошен маркет. Користејќи вештачка интелигенција, дисплејот ги препознава стиловите на облекување на минувачите и потоа емитува музика која би требало да го одразува стилот на личноста која стои пред него. На овој начин, човек може да се увери дали навистина е неуморен рокер, автентичен металец, модерен хипстер или нешто сосем друго…
Во дигиталниот панел е вградена напредна вештачка интелигенција која претходно била обучена да препознава стилови на облекување. Со алгоритам за машинско учење, дисплејот го анализира изгледот на личноста која стои пред него и одлучува каков стил на облекување има таа. Потоа ѝ го покажува резултатот во форма на аватар кој е исто така илустриран со помош на програма за вештачка интелигенција, проследено со емитување соодветна музика преку вградените звучници. Целиот процес на одредување на стилот и емитување на музиката трае само десет секунди, а интеракцијата е целосно безбедна бидејќи системот не ги архивира фотографиите на корисникот.
Веднаш по поставувањето на дисплејот, најхрабрите посетители на трговскиот центар добија увид во тоа како им се перцепира стилот и го слушнаа нивниот претпоставен музички избор. Некои се смееја бидејќи вештачката интелигенција ги изненади со одредувањето на стилот и избраната музика, а останатите се опуштија и уживаа во омилените ритмови и дознаа точно кои модели на звучници или слушалки на холандскиот бренд Fresh’n’Rebel се достапни исклучиво во продавниците на Spar и Interspar, а вештачка интелигенција им ги препорачува во однос на преферираниот жанр на музика.
Интерактивната кампања е создадена во соработка со креативната агенција AV studio од Љубљана.