Фудбалското “лудило“ во пресрет на Светското првенство кое летовоќе се оддржи во Бразил пополека ги зафаќа и најголемите брендови. Pepsi како еден од најголемите поддржувачи на фудбалската игра во тој стил направи одлична интерактивна реклама со светски познати фудбалерски имиња како Меси, Ван Перси, Рамос, Давид Луиз и Агуеро.
Рекламата е интерактивна и содржината може да ја менува секој оној кој во тој момент ја следи.
Кога ќе ја пуштите рекламата, треба да го позиционирате курсорот на маусот над видеото и секогаш кога ќе ви се смени симболот од стрелка во некој друг (весник, радио, топка и сл.) треба да кликнете на видеото. Што повеќе пати кликнете во вистинско време ќе видите повеќе сцени од рекламата.
Еве ние на пример си добивме потпишана топка од еден од фудбалските мајстори :)
Можете да направите проба, еднаш да ја изгледате рекламата без кликови а друг пат со кликови на некои места и ќе видите како се менува приказната.
Може да ја искусите рекламата преку
овој линк, или пак директно преку линкот од ова YouTube видео: