Спортот во Индија има проблем со имиџот, посебно за жените, тврди Мухамед Ризван, креативен директор на агенцијата Wieden+Kennedy India.
Овај факт претставува интересен предизвик за клиент како што е Најк. “Она што сакавме да го овозможиме е комплетен мејковер така што спотот го направивме cool, пристапен и забавен”, вели Ризван. “Во таа смисла, ги доведовме некои од најдобрите трендсетери и музичари и направивме група од жени кои најдобро го претставуваат спортот во Индија денеска“.
Резултат на сето ова е “Да да Динг“, моќно видео кое ги обединува талентираната раперка Gizzle, режисерот Francois Rousselt и продуцентот Genera8ion.
Музиката дава драматичен ритам, додека многуте жени ја одразуваат разноликоста на Индија и самиот спорт. Можете да трчате, играте, боксувате, играте тенис….самиот чин на труд Вас ве прави член на овој тим.
Меѓу звездите во рекламата се и членовите на индиската репрезентација во хокеј Rani Rampal, сурферката Ishita Malaviya и глумицата Deepika Padukone. Агенцијата ова трио го нарекува “ултимативниот женски спортски тим“.
Спотот успешно ги спојува елементите на индиската поп култура-индиската музика, ритамот и битот и Најковиот внимателно граден универзален дух. Со сето ова и самото движење станува уште по револуционерно.
https://www.youtube.com/watch?v=1UvPZ8fD4B8