Минатата недела во Бугарија се одржа јубилејното 20-то издание на националните ПР награди „PR приз 2020“ – настан организиран од страна на Бугарското здружение за односи со јавноста (БДВО). Гласањето за наградите, како и церемонијата на нивно доделување беа спроведени онлајн поради пандемијата на Ковид-19.
Специјалната награда и титула за „Комуникациска агенција на годината“ беше доделена на ПР агенцијата Interimage, додека пак телекомуникациската компанија “А1 България” беше огласувачот кој собра најмногу награди – вкупно девет.
За разлика од минатата година кога за наградите се пријавиле вкупно 93 кампањи, оваа година тој број се намали на 74. Најмногу пријави биле испратени за категориите „Кампања на одржлив развој“ и „Специјален настан“.
Целосната листа на наградени може да се погледне на следниот линк.