Маркетинг365 Ви го пренесува текстот од безвременското интерно писмо кое основачот и сопственик на популарната агенција која го носи неговото име, Г-дин Лео Бурнет го испратил до сите вработени во агенцијата уште во далечната 1958 година. Во писмото Бурнет зборува за значењето и важноста на лојалноста во индустријата и посебно за лојалноста кон своите клиенти. Принципи кои треба да се знаат и ден денеска !
Декември 16, 1958
ДО: ОРГАНИЗАЦИЈАТА
ОД: Лео Бурнет
Наслов: Гребење на задниот дел од раката која те храни
Ова е земја (и компанија) на слободен избор и слободен говор.
Во овој меморандум сакам да го искористам моето право на слободен говор за да искажам неколку мисли во врска со избирањето.
Се надевам дека ме познавате доволно добро за да сфатите дека вашите можности со оваа компанија немаат никаква врска со вашиот приватен начин на живот или производите кои ги користите. Лојалноста, очигледно, не може да биде озаконета.
Сепак, јас би сакал да симнам неколку мисли од плеќите кои тлеат веќе долго време. Ги презентирам баш онака како што лично ги чувствувам. Ако не се поврзете со нив, тоа е тоа, нема никаква штета.
Како што знаете, вашиот приход, како и мојот, 100% зависат од продажбата на производите на нашите клиенти.
За време на 36-те години колку што сум вклучен во агенцискиот бизнис секогаш наивно сум бил воден од принципот дека ако не веруваме во производите кои ги рекламираме толку за да ги користиме самите ние, или барем навистина да ги испробаме, не сме целосно искрени со нивното рекламирање кај други.
Најмалку што можиме да направиме е да останеме неутрални, и претпоставувам дека овој меморандум е предизвикан од два скорешни настани.
Во скоро време слушнав како еден од нашите луѓе гласно и навредливо зборува како Chrysler прави бедни автомобили – како тие се распаѓаат – “Мислам дека ќе се држам до Chevy, итн.”
Во друг случај слушав како еден од нашите луѓе кој пуши Winstons, верувам, им вели на група луѓе ‘однадвор’, понуден со Marlboro, “Неможам да ги пушам тие нешта!”
Сигурен сум дека сите се согласувате дека ова оди малку предалеку.
Јас мислам вака:
Природено не мора сите свои банкарски работи да ги правите во Harris, но сигурно треба да помислите на Harris кога отворате нова или одделна сметка.
Можеби не јадете конзервиран зеленчук, но ако јадете, таквите производи со налепница на Green Giant label треба да имаат место во вашата шопинг-кошница.
Сигурно никој нема да ви предложи да ја искинете вашата осигурителна програма, но нели би требало да погледнете на Allstate приказната за некое ново покритие кое го сакате?
Ако сликата е се’ уште остра на вашиот стар RCA, продолжете да гледате, но ‘фрлете’ еден поглед на Motorola кога ќе правите промена. Истото се однесува на правосмукалки и машини за перење.
Можеби имате печаци и потребни ви се специјални ортопедски обувки, но можете да ги имате во предвид Buster Browns или Robinshood за тие добри, нормални нозе со кои вашите деца трчкаат наоколу.
Кога ќе одите на вашата следна авто-пазар експедиција, една од Chrysler сериите би требало да се барем на вашата листа за гледање.
Генерално, производите на нашите клиенти ни овозможуваат да имаме добар доручек, да ја одржуваме куќата чиста, да ги периме нашите алишта, да ги уредуваме тревниците, да ги третираме исечениците и модринките, да го наполниме автомобилот со бензин (една од “нашите”), да го осигураме, да ги одржуваме нашите лица, заби и чинии чисти, да направиме торта или пита, да имаме супа, туна, шпагети, грашок или пченка за ручек или вечера, да ги испратиме свињите на пазар побрзо, да направиме нашите кокошки да несат повеќе јајца, да одиме со добри обувки и да уживаме со добра цигара додека гледаме телевизија или слушаме радио.
Го препознавам несвесниот дух на бунтовна независност кој постои кај сите нас, и поривот кој вие или јас може да го демонстрираме дека не носиме ничиј јарем. Меѓутоа, секогаш сум чувствувал дека постојат подобри и покорисни начини да го правиме тоа отколку со очигледното избегнување или непочитување на производите на луѓето кои го плаќаат нашиот начин.
И оставете ги децата настрана. Не верувам во приницпот постојано да ги потсетуваме од каде доаѓа нивната живеачка. (Наскоро ќе го научат тоа како што е.) Ако, на пример, тие се привлечени од некоја понуда на General Mills или General Foods, благословете ги нивните променливи срца.
Мислам дека моето чувство е доста добро сумирано во забелешките на подпретседателот на една конкурентна агенција. Кога беше прашан зошто пуши не толку популарен бренд на цигари кои неговата компанија ги рекламира, тој одговори:
“Во мојата книга не постои вкус или арома како тој на леб и путер”
Лео Бурнет
П.С. Колку и да овој меморандум изразува еден целосно личен поглед, не можам да одолеам да додадам дека ако некој од нас ги јади тие гадни Post Toasties или Wheaties, на пример, пред производите на Kellogg’s, се надевам дека ќе се удави со нив; и ако некој од нас го ѓубри својот тревник без првин да го испороба Golden Vigoro, се надевам дека ќе му се предтвори во некаква темна, одбивна кеафеава боја. Ако пушите цигари и вашиот вкус е толку осетлив што силно дискриминира помеѓу ‘наши брендови’ и конкурентски, ве молам, како лична услуга, немојте да ја ставите конкурентската пакета пред мене на масата од конференциската соба, бидејќи се одразува на мојот крвен притисок.
Л.Б.