Американската агенциска холдинг компанија Interpublic Group, една од најголемите од овој вид во светот, соопшти дека ги прекинува сите деловни операции во Русија како реакција на руската инвазија на Украина.
Во писмо до вработените, генералниот извршен директор на IPG, Филип Краковски, ги објасни причините за повлекувањето од регионот, наведувајќи ги неуспешните разговори за прекин на огнот и ескалацијата на нападите врз цивилни цели, како што се болниците.
Компанијата првично се надевала дека ќе може да ја одржи поддршката за своите речиси 200 долгорочни вработени во Русија. Меѓутоа, Краковски посочил дека „траекторијата на конфликтот ескалира и војната може да продолжи подолгое време“.
Interpublic Group на трите креативни мрежи Русија во кои има мнозинска сопственост ќе им остави доволно пари за да продолжат да ги плаќаат своите вработени најмалку во следните шест месеци.
„За жал, нема одговори за оваа криза кои се лесни или апсолутни – секоја организација ќе треба да си го одреди уникатниот пат што е најдобар за нив. Реалноста е дека сме во раните фази на историски момент кој сите ќе го процесираме и со кој ќе се справуваме во годините што доаѓаат“ – истакнал Краковски во своето писмо до вработените на Interpublic Group.
Пред една недела, своето работење во Русија го стопираше и агенциската групација WPP.