Американската маркетинг групација Interpublic Group вчера ја претстави најновата верзија на својата револуционерна платформа за интегрирани маркетинг услуги, наречена Interact. Оваа моќна платформа ќе овозможи врвни нивоа на поврзување и глобален опсег, служејќи како основна технолошката инфраструктура на Interpublic.
Со низа ажурирања и новитети, оваа сеопфатна технолошка рамка го интегрира протокот на податоци во процесот на изработка на огласувачки кампањи – од истражување за брендот и увиди за публиката, до креативно концептуализирање, продукција, трговија и програми за односи со потрошувачите, истовремено овозможувајќи активација и оптимизација на медиумите.
Преку поврзување на целото портфолио на Interpublic Group, платформата Interact воспоставува унифициран сет на стандарди, практики и технолошка рамка изградена врз широки увиди за потрошувачите базирани на податоците на Acxiom и способностите на Real ID. Оваа обединета маркетинг платформа, напојувана со врвни истражувања во индустријата, ќе им овозможи на компаниите под капата на Interpublic да испорачуваат подобри маркетинг перформанси во реално време за клиентите низ сите медиумски канали и допирни точки, притоа градејќи брендови за долгорочен успех. Платформата Interact е веќе достапна и се користи за сите клиенти на групацијата.
Оваа најнова верзија на Interact вклучува неколку значајни и унапредени функции, вклучувајќи обединети ресурси, интеграција на „синџирот на снабдување“ со содржини и ползување на стратешките партнерства кои групацијата ги има со повеќе технолошки компании.
Со оваа платформа, Interpublic ги поврзува сите точки на својот маркетинг екосистем и ги елиминира затворените датабази на податоци, со цел да овозможи врна услуга за клиентите. Па така, платформата ќе нуди подлабоки сознанија за таргетирање на потрошувачите, ќе поттикнува создавање на попривлечна содржина и ќе овозможува оптимизација на кампањите во реално време. Целта е зголемување на брзината со која се одговара на предизвиците и потребите наметнати од пазарот, што треба да доведе до значително унапредување на деловните перформанси.
„Interact ја поврзува моќната експертиза на нашите агенции со нашите технолошки способности за коориднирање на целиот опсег на маркетинг и продажни активности на едно место. Во сферата на медиумите и односите со потрошувачите, испорачувавме вистинска персонализација во обем со нашата маркетинг платформа, и овие иновации ни овозможуваат да го правиме тоа континуирано во сите форми на маркетинг активности. Interact овозможува сеопфатни решенија кои им помагаат на нашите клиенти подобро да ангажираат, конвертираат и задржуваат клиенти низ сите етапи на пазарниот процес, да ја оценуваат и разбираат вредноста на нивните инвестиции низ медиумските, пазарните и продажните канали, во реално време“ – објаснува Филип Краковски, извршен директор на Interpublic Group.
Платформата е развиена и хостирана со помош на агенцијата за технолошки иновации, истражувања и маркетинг на перформанси, KINESSO.