Home » Во фокусот » Интервју со Андреј Павловски, Амбасадор за Македонија на адвертајзинг фестивалот Golden Drum

Интервју со Андреј Павловски, Амбасадор за Македонија на адвертајзинг фестивалот Golden Drum

На 13-ти октомври годинава започнува 22-то издание на Голден Драм, еден од адвертајзинг фестивалите со најголема традиција во регионот кој секоја година се одржува во Порторож, Словенија. На тема фестивалот и се она што го придружува, разговараме со г-дин Андреј Павловски од AVA DDB, амбасадор за Македонија на Голден Драм.

Андреј Павловски

М365: На само неколку недели од еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали „Голден Драм”, кој се одржува по 22-ри пат во Порторож, Словенија кажете ни колку земји годинава очекувата да земат учество во конкуренцијата?

Андреј Павловски: Голден Дрaм е еден од најголемите адвертајзинг фестивали и како таков го покрива пазарот на таканаречена Нова Европа, односно сите источно-европски  земји, плус Грција, Австрија, Финска, поранешна СССР… Со еден збор сите земји од Владивосток до Лисабон, или пазар поголем од 400 милиони луѓе. Во точни бројки, тоа се околу 40 земји. Така да конкуренцијата е секоја година голема и навистина е задоволство и самата можност да се биде дел од фестивалот.

М365: Каква ќе биде годинешната конкуренција? Дали имавте можност да ги видите сите понудените рекламни спотови кои ќе земат учество на годинешното 22 издание на фестивалот?

Андреј Павловски: Конкуренцијата од година во година е се поголема, а натпреварот  “поостар”. Воопшто адвертајзингот брзо се менува. Она што до вчера беше ново, сега е веќе меинстрим, додека социо – економскиот аспект вртоглаво се промени. Се е во движење, во некоја пета брзина и веќе немате многу време да комуницирате, објаснувате. Морате да го привлечете и задржите вниманието за секунда. Веќе немате “ваши 5 минути”, сега имате 5 секунди. Некогаш ни толку, освен ако не сте водител на една гледана поранешна емисија…

Така да очекувам многу нови, невообичаени медиуми и начини на комуникација, свежи идеи, а најповеќе интересни реализации кои те привлекуваат “од прва”.

М365: Во колку категории ќе се натпреваруваат учесниците?

Андреј Павловски: Категориите во основа се стандардни како и на сите останати фестивали. Карактеристично за Голден Драм е поделеноста на две основни групи (Сингл  и Мулти), кои понатаму се разгрануваат  во повеќе категории. На крајот имаме две групи, секоја со по 9 категории мегу кои се: ТВ, Принт, Дигитал, и многу други.

Инаку бројот на трудовите, во сите категории изнесува околу 1300. Повеќето од трудовите во основа имаат извонредна идеја надоврзена со совршена изработка, така да деталите, ситниците, па и моменталниот “ќеиф” на жирито ќе ги одлучат наградите.

Golden drum3

 М365На кој начин се прави селекцијата на победниците?

Андреј Павловски: Бидејќи има илјадници пријавени труда, жирито работи со недели пред фестивалот преку интернет, првично селектирајќи ги потенцијалните кои заслужуваат внимание. Самиот избор на финалистите и победниците се врши за време на фестивалот, кога жирито без престан заседава дури и за време паузите за ручек, разговара, жирира и ги одлучува победниците.

Секако, за да имате наградена реклама најбитно е да имате единствена идеја и перфектна изработка. Само тоа е сигурен пат кон награда.

М365: Дали очекувате и Македонија да се закити со некоја од наградите?

Андреј Павловски: Па ние секоја година освојуваме награди. Њу Момент беа агенција на годината 2013, што е најголема награда на Голден Друм. Лани Публицис освоија злато, пред нив Мccann, АваДДБ, Медиа Хaус исто така освојуваа награди. Голден Друм е фестивал кој особено внимава на регионалната и локална креативност. Локалниот дух, локалната сензибилност и креативност и како сето тоа да се инкорпорира во глобалната сцена. Затоа ми се особено драги сите награди кои ги освојуваме тука. Поединечните награди ги чуствувам како награди за сите нас, за целата македонска фела.

М365: Кои македонски адвертајинг агенции ќе земат учество годинава и во кои се категории?

Андреј Павловски: Сè уште е отворен рокот за пријавување, така да не го знам конечниот број. Но, очекувам повторно голем број на трудови и агенции, како и секоја година. Морам да се пофалам, ние секоја година сме битен фактор на фестивалот, бидејќи покрај натпреварот, правиме и многу други пропратни работи . Имаме „Young Drummers“ натпревар само за Македонија, имавме македонска забава, наши членови во жирито…

М365: И оваа година како и лани како дел од проргамата ќе се организира конкурост за Млади креативци, заедно во соработка со Макеоднски Телеком. Кажете ни нешто повеќе за тоа?

Андреј Павловски: „Young Drummers“ натпреварот како идеја е зачнат неколку години наназад на Голден Драм, во обид да им се даде шанса и поттик на сите млади дизајнери да направат нешто добро и дојдат на фестивалот. Во Македонија го организираме втора година по ред, заедно со Македонски Телеком. Тие веднаш ја препознаа нашата идеја насочена кон младите креативци и нивна поддршка, и безрезервно „влегоа“ во овој заеднички проект. Накратко , на овогодинешната тема „Always connected generation“ сите млади под 30 години, можат да учествуваат и пратат принт решение, а најдобриот ќе добие пат, сместување и престој на Голден Драм. Повеќе информацции ќе најдат на сајтот на Голден Драм: www.goldendrum.com

М365: Што значи да се добие награда на еден ваков фестивал за маркетинг агенциите?

Андреј Павловски:Тоа се многу искрени чуства и големи доживувања кои проаѓаат низ неколку фази. Прво доаѓа една необјаснива радост, среѓа и големо задоволство. Еуфорија, вие сте освоиле нешто, вие сте врвот, и знаете како но врвните светски лица од маркетингот ја препознале вашата работа и ви доделиле награда, ееееј!..

Потоа или второ се фалите наоколу, се сликате, правите разни настани, им кажувте на клиентите што сте направиле, колку сте биле добри, најдобри, па нели рековме дека врвните лица ви дале награда…

Трето е фаза на “нирвана”, целосно затишје, односно ништо посебно не се случува и се прашувате каде бре отиде онаа еуфорија, занес, радост, каде е напливот на клиентите и редица од луѓе желни за соработка?

И четврто, помалку болно и неволно осознавате дека доколку не продолжите со исто темпо и страст, но со поголема желба и мотив за уште подобри идеи, статуетката ќе ви остане само едно парче светкав метал на полиците во агенцијата. И секако со додатна обврска да ја бришете прашината од неа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365