Соговорник: Bruno Luglio, Senior Creative Art Director, R/GA NY (USA). Bruno Luglio е овогодинешниот главен говорник и ѕвезда на Фестивалот за интегрирани комуникации KAKTUS 2016, кој ќе се одржи на 27 и 28 октомври во хотелот Crowne Plaza во Белград. Повеќе информации можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.
Имате работено во агенции во Бразил, Германија, а сега работате во Америка. Дали можете да ги споредите овие пазари, колку тие се разликуваат?
Мислам дека секој пазар функционира на начин на којшто функционира општеството. Ако ја земете на пример Германија, се` е супер исправно и прогресивно. Интеракцијата помеѓу соработниците е добра, но фокусот е на поединците и тоа секогаш им е приоритет. Работите подобро функционираат кога сите се фокусирани, што ме доведе во Бразил – место каде што секој е пријател со секого цело време, имате многу забава во текот на работата и смеа по цел ден. Но, од друга страна, заради тоа работиме повеќе. Тоа не е лоша работа, всушност, тоа се рефлектира на креативноста на бразилскиот пазар. Многу слобода и иновации произлегуваат од забавните моменти ( ние всушност игравме фудбал ВНАТРЕ во агенцијата, нешто како фрлање на топка по мониторите и компјутерите). И на крајот се преселив во Њујорк. Ова е место каде што двете работи можат да се комбинираат. Опкружени сте со луѓе од целиот свет, каде што секој е со својата идеја и го работи најдоброто во својот живот. Тоа помага да се внесе различност и инспирација во секојдневието. Генерално, не би рекол дека едно од овие места е подобро од другите, тие се само различни и кул на свој начин.
Кои идеи се најдоминантни во модерното огласување? Како би ги дефинирале идеите кои опстануваат?
Идеите кои се користат во индустријата се оние кои предизвикуваат сочувствување. Оргинални идеи кои одат преку точката на релевантната вистина. Тоа се оние кои се повеќе допадливи и кои заради тоа, подолго живеат, бидејќи се засновани на универзални човечки вистини. Нема глупости, нема претерувања и претенциозност. Само чиста и добра идеја.
Како се раѓаат идеите и каде да се пронајде инспирација за квалитетни идеи?
Сите ние работаме под притисок да ги дадеме најдобрите идеи на својот живот. Секојдневно, за секој бриф. Проблемот е во тоа што никој не знае ( или не ќе знае) како ќе се родат идеите или од каде тие доаѓаат. Тие само доаѓаат. Мислам дека е многу поважно да го исполните својот мозок со податоци, отколку да се обидувате да ја совладате таа вештина. “Било што се зема во предвид” – од чудниот алтернативен фил за рок музиката од Тајван, кој се вика Танго. Сето тоа ќе ви даде мало дополнително знаење кое ќе кулминира во идеја. А кога е тоа најпотребно, идејата ќе дојде сама по себе под туш или при возење во метро, во зависност од количината на информациите кои им ја дадовте на мозокот таков ќе биде и резултатот.
Можете ли да ни издвоите две кампањи кои по Ваше мислење, го „здрмаа“ светот изминатата година и зошто?
Голем фан сум на REI и кампањата #OptOutside. Тие се навистина супер. Имаат толку храброст, што се прашувам како клиентот реагирал кога прв пат слушнал за идејата. Можеа да изгубат илјадници долари со тоа едноставно соопштение и наместо тоа, добија повеќе од пари – тие одбраа да бидат надвор и да ги затворат продавниците за најголемиот годишен шопинг викенд- црн петок. Секоја чест. Би издвоил уште една, а тоа е кампањата „Љубовта нема ознаки“, која ја направија во агенцијата R/GA. Тоа е едноставна мисла дека луѓето се еднакви, без оглад на се`. Таа има убава порака и одлични резултати. Ги поместува луѓето, влијае врз предрасудите и ја поместува целата заедница. Само погледнете ги резултатите и ќе видите како овие кампањи го „здрмаа“ цел свет.
На овогодинешниот фастивал KAKTUS 2016 вашето предавање е на темата “Who? What? Why? – The Metrics of a Simple Idea”. Што учесниците на фестивалот можат да очекуваат?
Ќе се обидам малку да зборувам за своето искуство со целиот фидбек кој го добивав во текот на кариерата, и како да се поедностави не само начинот на кој можеме да ги претставиме идеите, туку и како да ги замислите. Ќе зборувам за тоа колку е важно секојдневното вежбање и како да го форматираме нашето размислување. Се надевам дека ќе им се допадне на публиката!