Christoph Mainusch, генералниот директор на Central European Media Enterprises и извршен и генерален директор на Nova Group, ќе биде еден од главните говорници на конференцијата NEM која ќе се оддржи овој јуни во Дубровник, Хрватска.
1.Откако се придруживте на CME, за компанијата често се зборува дека е на пат за стабилно опоравување. Како тоа вие ќе го опишете? Како ја проценувате сегашната состојба во компанијата?
Беше јасно дека за пресврт ќе биде потребно повеќе од година дена. Се фокусиравме на неколку точки: задржување на водечкото место кај публиката на сите територии, подобрување на резултатите на приходите од огласувањето во Република Чешка, воведувајќи ревидирана политика на продажба, подобро управување со програмите, примена на цврста дисциплина во секторот на трошоците, концентрирање на нашите основни дејности и ослободување од споредните работи, како и реструктуирање на компанијата за да биде поедноставна и поефикасна.
Ги постигнавме сите овие цели и ја зајакнавме својата водечка позиција на пазарот, што е цврста основа за наш понатамошен развој.
2.Што гледате како најважен чекор за правилно водење на својата компанија?
Оперативен приоритет ни беше повторно освојување на дел од пазарот во Република Чешка. Друга стратешка цел ни беше осигурување на надоместок за пренос и претплата. Важно е да се изгради друг доток на приходи. Денес надоместокот од пренос и претплата чини околу 12% од нашите консолидирани нето приходи и околу 25% од нето приходот во Бугарија и Романија.
3.Како CME одговара на дигиталната доба?
Успехот на CME е изграден на давањето на врвна содржина за гледачите на сите платформи, кога и да е и каде и да е. Преку нашите free-TV и pay-TV линеарни понуди ова вклучува и портфолио на тематски веб страници, седмодневни catch-up услуги (AVOD) и нашата SVOD понуда, водечки премиум претплатнички video-on-demand услуги со повеќе од 150.000 корисници на нашите шест пазари.
4.Какво влијание имаат новите начини на мерење на ТВ гледаноста на огласувачката стратегија на CME групата?
Со оглед на тоа дека до нашата публика допираме преку сите дигитални платформи, а не само во линеарната дистрибуција, важно е системот за мерење да ја одразува оваа промена. За даватели на содржини како што сме ние, клучно е тоа што можеме да прикажеме и да монетизираме полна гледаност, а не само дел од неа.
5.Кој CME пазар го гледате како најголем успех? Исто така, на кој се соочувате со најголеми предизвици?
Иако сите наши пазари се различни, едно им е заедничко: јасно е дека водиме на сите свои пазари, и кога е во прашање бројот на гледачите и кога се во прашање приходите од телевиското огласување.
6.Планира ли CME да додаде нови канали во портфолио? Или нови услуги?
Постојано го проучуваме своето портфолио на канали. Неодамна лансиравме и нов спортски pay-TV канал, Nova Sport 2 во Р.Чешка, кој ја следи нашата спортска програмска понуда. Воведовме на почетокот на годината и два нови канали, Nova International и Markiza International.
7.Сметате ли дека денешниот ТВ пазар е заситен со содржини?
Не би рекол заситен. Пазарите одговараат на барањата на гледачите и различноста се зголемува. Не можете да видите раздвижување на нови канали со општа содржина. Новите канали се воглавно специјализирани и тематски, било да станува збор за free-TV или pay-TV.
8.Дали таквата голема понуда е предизвик и за публиката и за огласувачите?
Зголемена конкуренција и повеќе канали секогаш се и поголем предизвик. Дигиталниот развој сепак не го загрози уживањето во ТВ содржините. Туку напротив. Телевизијата e појака како никогаш. Дигитализацијата нуди многу нови можности. Предизвик беше да се оствари и капитализира овај тренд и да се направи понуда на содржина достапна на сите платформи. Огласувачкиот пазар очигледно реагирал на оваа промена: проценуваме дека на нашите пазари уделот на вкупната потрошувачка на ТВ и онлајн огласување се зголеми од 52% во 2006 година на 71% во 2015 година.
9.Мислите ли дека новите технологии помагаат содржините да го пронајдат својот пат до публиката? Или непотребно го одвлекуваат вниманието?
Уживањето во медиумите се промени со новите технологии. Корисниците на крајот одлучуваат дали сакаат или не сакаат да прифатат одредена технологија.
10.Целата кариера ја поминавте како инсајдер на медиумската индустрија. Кои се според вас најважните промени, оние кои што биле најкорисни и за професионалците и за гледачите? И што би сакале никогаш да не се случело или да било измислено?
Како што и претходно споменав, дигитализацијата воведе разноличност во областа на медиумите, но наспроти многутте предвидувања, телевизијата зајакна.
11.Што гледате во слободно време? Кои се вашите омилени емисии ?
Сите наши локални програми.