Со помалку од една недела до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и разговори за искористувањето на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата. Учесниците ќе имаат ексклузивна можност да научат од интернационалните и домашните пионери и лидери во индустријата, кои ефективно ја искористиле вештачката интелигенција за да го забрзаат својот успех во е-трговијата.
Една од најдолгоочекуваните сесии е на темата „Трка за иновации и технологија: Како да се искористат вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во е-трговија“ на која еминентни експерти од областа ќе го споделат своето искуство за развојот и најновите трендови во маркетингот и трката за иновации, а меѓу говорниците ќе биде и Хуго Фаустино, креативен медиа стратегист.
Во ексклузивно интервју за Marketing365.mk, Хуго Фаустино ги објаснува најновите трендови во маркетингот и е-трговијата, споделувајќи го своето богато искуство како поранешен вработен во компанијата Најк („Nike“).
М365: Со вашето огромно искуство во областа на стратегиите за креативни медиуми, можете ли да дадете краток увид за тоа како водечките брендови пристапуваат кон интеграцијата на креативните услуги со маркетинг на перформанси за да создадат беспрекорно искуство за брендот и како еволуирал овој пристап?
Хуго Фаустино: Водечките брендови ја разбираат важноста на усогласувањето на креативноста со маркетингот за да имаат подобри перформанси. Тие се фокусирани на усогласувањето на пораките на брендот со стратегии кои се базирани на податоци за да обезбедат унифицирано искуство со брендот. Со текот на времето, овој пристап еволуираше и стана подинамичен и поперсонализиран, во моментов користејќи инпути и насоки кои се водени од вештачката интелигенција за речиси беспрекорна адаптација на кампањите на одредени сегменти на публиката. Станува збор за баланс помеѓу креативното раскажување на приказната на брендот (storytelling) и прецизното таргетирање на пораките насочени кон е-купувачите, се со цел да се создаде конекција помеѓу брендот и потрошувачите .
М365: Вештачката интелигенција и новите технологии ја преобликуваат иднината на креативниот маркетинг. Како ги замислувате овие технологии кои влијаат на е-трговијата и кои стратегии можат да ги применат бизнисите за ефективно да ги искористат?
Хуго Фаустино: Вештачката интелигенција и новите технологии се подготвени да направат револуција во е-трговијата. Сведоци сме на се поголемата хиперперсонализација, преку алатките коишто се водени од вештачката интелигенција и коишто даваат многу вредни информации поврзани со навиките и искуствата на купувачите. Ова им овозможува на бизнисите во реално време да можат да ги прилагодат корисничките искуства кои тие ги нудат. Покрај тоа, технологиите како што се проширената реалност го подобруваат искуството на клиентите кои купуваат преку Интернет. За ефективно искористување на сите овие предности, бизнисите треба да инвестираат во алатки преку кои ќе можат да прават обемна анализа на податоци за своите клиенти, како да инвестираат во креативни алатки за автоматизација на процесите, за да овозможат уникатно искуство додека прифаќаат предвидливи кампањи за ROAS и да дадат приоритет на континуираното учење и адаптирање на новите трендови, се со цел да останат во првите редови на овој трансформативен пејзаж.
М365: Преминувајќи од вашата работа во Nike во маркетинг индустријата, кои трендови ги очекувате во светот на креативните услуги и маркетингот на перформанси и како брендовите можат да останат иновативни и релевантни, особено во контекст на е-трговија со вештачка интелигенција?
Хуго Фаустино: Како што се движиме напред, можеме да забележиме дека еволуцијата на креативните услуги и на маркетингот на перформанси ќе остане во фокус. Персонализирањето наспроти препораките преку вештачка интелигенција и машинското учење ќе стане уште пософистицирано. Брендовите стануваат поагилни и прифаќаат нови начини на т3естирање на процесите и континуирано учење, за да бидат во чекор со темпото на промени. Дополнително, од клучно значење станува суштинското разбирање на однесувањето на потрошувачите, но и применувњето на етичките практики во вештачката интелигенција. Да се биде иновативен значи да се биде релевантен во новите дигитални технологии, во преференциите на потрошувачите, но и да се биде подготвен на брзо прилагодување на промените кои доаѓаат.
М365: Од вашето долгогодишно искуство во индустријата, можете ли да споделите примери на успешни кампањи каде комбинацијата на креативна содржина и стратегии фокусирани на перформанси не само што поттикнала ангажираност, туку и дала конкретни бизнис резултати? Како можат другите брендови да го реплицираат овој успех, земајќи ја предвид еволутивната динамика на секторот за е-трговија и напредокот во вештачката интелигенција
Хуго Фаустино: Пример за ова е кампањата Peloton на Lululemon кадешто активните членови на платформата беа во улога на ко-креатори во создавањето на наративот за брендот, како дел од програмата за лојалност. Д уг пример којшто е надвор од познатите соработки кои ги знаеме помеѓу стриминг платформите и модните брендови, а кој би сакал да биде споменат е лансирањето на потехнолошката кампања водена од страна на компанијата Humane која дебитираше со револуционерниот уред наречен Ai-Pin базиран на „уреди за носење напојувани со вештачка интелигенција“. Другите брендови би можеле успешно да го реплицираат овој пример преку инвестирање во обемна аналитика, спроведување на редовно A/B тестирање и воведување на нови алатки кои употребуваат вештачка интелигенција за персонализирани искуства на клиентите. Клучот за постигнување на високи резултати е да се биде во тек со трендовите на е-трговијата и на технолошкиот напредок.