Речиси и да нема патување, излет или детски роденден каде главната состојка не била познатата Plazma. Колку често е таа сé што ни треба, нé потсети најновата кампања на легендарниот српски бренд креирана од агенцијата McCann Белград. За настанувањето на оваа приказна и рецептот за добар слоган ни зборуваше Јордан Цветиновиќ, сениор копирајтер во агенцијата McCann Белград.
- Кога работите на кампања за бренд како Plazma, како наоѓате начин да создадете нешто ново и различно, а притоа да останете доследни на она за што се залага брендот и што го прави препознатлив?
Јордан Цветиновиќ: Да бидам искрен, станува сè потешко и потешко да се направи нешто поразлично и иновативно, но сè повеќе нашата работа станува сè повозбудлива. Живееме во време кога, како потрошувачи, сме обземени од најразновидните форми на содржина, истражувањата сè повеќе покажуваат дека човечкото внимание е драстично намалено на глобално ниво, и навистина е предизвик во контекст на сите овие факти да се создаде нешто што ќе „фати нечие око“ на неколку секунди. Плазма отсекогаш била и останува „иконичен бренд“ – љубов која се пренесува од генерација на генерација. Без разлика на сè, како и сите нас, така и брендовите, мора да го следат духот на времето и да ги слушаат потребите на своите потрошувачи. Во оваа смисла, и за нас кои се занимаваме со адвертајзинг и создавање на нови приказни кои се преплетуваат околу производите што сите ги сакаат, работењето на вакви кампањи претставува посебен вид на потфат кој на крајот носи големо задоволство.
- Размислувајќи за моментите во кои Плазма е најверниот придружник, дали се водевте од вашето лично искуство или се консултиравте со луѓето од вашата околина?
Јордан Цветиновиќ: Идеите секогаш доаѓаат од неочекувани правци, исто како на аеродромите. :) Како креативна личност со искуство, секогаш мора да бидете отворени и да ја слушате вашата околина, бидејќи никогаш не знаете каде демне добар увид или фраза од секојдневниот говор што може да ја реши вашата комуникација. Во овој случај, ми се чини дека задачата беше нешто полесна, со оглед на тоа што не познавам човек кој патува во која било насока без да носи со себе Плазма – тоа парче рај што нè враќа во детството, но и го дава тоа безгрижно чувство на топлиот дом, токму во моментите кога можеби сме далеку од него.
- Во кои ситуации, Плазма е најчесто сè што ви треба?
Јордан Цветиновиќ: Во секојдневието на гореспоменатите постојани промени, полно со неизвесност, гужва и врева, тешко е да се најде нешто што ќе ве извлече од неочекувана ситуација и ќе ве увери дека сè е во ред и доколку не е баш сè како што сте планирале. Сепак, сите ние, вклучително и јас, се сеќаваме дека Плазма отсекогаш била дел од безгрижното детство, но и главен актер на ритуали и спомени кои ги паметиме цел живот.
- Што сè мора да содржи добро „копи“?
Јордан Цветиновиќ: Ова е прашањето за милион долари. Ќе звучи како тешко клише, но сите добри работи, вклучително и доброто „копи“, пред сè мора да бидат едноставни, така што никој не мора да се чуди што сакал да каже авторот.
- Дали копирајтерот е раскажувач на модерното време и колку е тешко да се раскаже целата приказна со само неколку зборови?
Јордан Цветиновиќ: Апсолутно се согласувам дека ние на некој начин сме раскажувачи на модерното време, бидејќи секогаш се трудиме да објасниме многу посложени работи користејќи што е можно помалку зборови. Ние сме како луѓето кои некогаш работеа во видео-продавниците и можеа да ви продадат филм со само два збора, без да ви раскажат до крај за што точно се работи. Знаете, постојат многу начини да се раскаже приказна. Накратко, зборовите се моќно оружје во секое време, прашање е само како ги користите – пукате во празно или директно ја погодувате целта.