Водата ROSA и агенцијата McCann Белград во најновата кампања со слоганот „Љубов чиста како роса“ ни ја покажаа уште еднаш моќта на љубовта, радоста и промените кои во нашите животи, но и во целиот свет околу нас, ја внесуваат најмладите членови на семејството. За идејата позади оваа емотивна кампања и пораките што таа ги испраќа разговаравме со Марија Стошиќ, виш стратешки планер и Дубравка Петровиќ, креативен директор на агенцијата McCann Белград.
- Досега ROSA беше фокусирана на обезбедување поддршка на мајките и нивните бебиња. Овој пат е вклучено целото семејство. Дали има некоја посебна причина за тоа?
Марија: Целиот свет постојано расте и се менува, растеме ние луѓето, нашите семејства и љубовта што ја чувствуваме, растат и прашањата што си ги поставуваме себе и на другите. Исто така континуирано расте и ROSA. Некогаш тука беше само природна, минерална вода од Власина, а денес покрај неа имаме и природна, газирана Rosa од Хомоље. Со проширувањето на семејството Роsa, се проширува и нејзиното телевизиско семејство, бидејќи Rosa е за секого, без разлика на пол и возраст.
Дубравка: При осмислувањето на кампањата за тоа проширено семејство Rosa, првенствено баравме вистинска, длабоко емотивна и инспиративна приказна. Една од оние приказни со која сите можеме лесно да ја препознаеме и да се идентификуваме, а која ја отсликува трансформативната моќ на љубовта што ја носи доаѓањето на бебе на свет. Бебето, како извор на чиста емоција, неминовно носи освежување, радост, нова енергија, но и нови погледи на светот. Со доаѓањето на бебето се менуваат животните рутини, се преиспитуваат старите ставови и се усвојуваат нови.
- Не постои препрека во природата што водата, порано или подоцна, не може да ја надмине. Кои „препреки“ ги руши ROSA со својата нова кампања?
Марија: Со оваа кампања сакавме да направиме една убава паралела помеѓу чиста изворска вода и чиста љубов. Како што водата во природата ги руши сите препреки и го обликува теренот што ја опкружува, па макар и биле потребни векови, така и љубовта менува сè (свет). Постојат некои навики и вкоренети ставови, практично вродени рефлекси, кои ги прифаќаме без резерва, можеби дури и несвесно. Затоа љубовта е таму за да освежи и разбуди, да не оттргне и да покаже дека е возможен поинаков свет.
Дубравка: Во нашето видео, по склоп околности, дедото очекуваше внук првенец – наследник! Ова го потресе од летаргијата, па дури и подготви традиционален, светло син подарок за малиот јунак, но на крај сепак на свет дојде едно девојче. Следува трансформација од 180 степени, соочување со сопствените очекувања, справување и прифаќање на ситуацијата. Така сеопфатно и брзо вистинската љубов го менува светот. Така, во приказната за водата Rosa, дискретно допревме и си игравме со српските семејни стереотипи кои исто така се зрели за трансформација или барем треба да бидат на дофат на промените.
- ROSA веќе долги години се позиционира како семеен бренд кој ја почитува традицијата, но и поставува прашања од големо општествено значење, како што беше случајот преку кампањата „Бебето избира каде“. Дали е можно истовремено да се почитува традицијата и да се преиспитуваат некои традиционални ставови, односно да се иницираат општествени промени?
Марија: Апсолутно е возможно. Можеби не е секогаш најлесната задача, но е возможна. Потребно е да се постави едно важно прашање: што се наоѓа во сржта и срцето на таа традиција што ја почитуваме? Во основата на сето она што Rosa го гради со години се љубовта, нежноста и прегратката – чистотата како таква и чистотата на емоциите. Тоа е нешто што никогаш нема да се промени. Со оваа кампања, како и со сè што правиме, ги зајакнуваме сите тие вредности, но во исто време ги покажуваме и нивните можности, ги прошируваме дефинициите, потсетуваме на нив, а повремено го поттикнуваме и поставувањето на важни прашања.
- Во рекламниот спот можеме да ги слушнеме зборовите: „Кога потекува љубовта, јасна и чиста, нашиот свет се менува“. Дали верувате дека брендовите и маркетинг кампањите можат да го променат светот?
Марија: Не само што можат, туку тоа и се очекува од нив. Впрочем, слободно можеме да кажеме дека тоа мора да го направат. Тие ја имаат таа одговорност и обврска, а уште поубаво е кога менувањето на светот е дел од ДНК-та на брендот. Од самиот почеток, Rosa се гради како бренд кој никогаш не останува само на зборови, туку секогаш ги препознава проблемите, ги разбира и секогаш работи за подобро. Така, Rosa зад себе веќе има бројни проекти кои иницираа промени како што се банка за мајчино млеко, школа за родители, поддршка за мајките кои ги дојат своите бебиња, доење на јавни места и други. Меѓутоа, големите промени бараат делување чекор-по-чекор. Сите заедно, брендовите и луѓето кои работат на нив, но и луѓето кои ги избираат тие брендови – го менуваат и преобликуваат светот, како чиста вода од природата.
Креативен тим:
Marija Stošić, Senior Strategic Planner
Jana Savic Rastovac, Executive Creative Director
Dubravka Petrović, Associate Creative Director
Jelena Grahovac, Head of art
Kristina Jovanović, Senior Art Director
Jelena Urošević, Group Account Director
Andrea Mitić, Account Director
Nebojša Ereš, AV Producer
Tuna Fish Studio, Production
Bruno Anković, Director