Во време на предизвици, најстабилните компании ја имаат најголемата предност, но и најголемата одговорност, бидејќи од нив се очекува да ги испорачаат зацртаните цели по секоја цена. Поминувајќи низ тешките периоди и непредвидливите услови, Атлантик Група успеа да опстане прилично безбедна, да направи нејзините вработени да се чувствуваат сигурни и позитивно да придонесе кон општеството и потрошувачите. Приказната на Марина Савиќ, која е вработена во оваа компанија веќе три децении, сведочи за развојот на Атлантик Група низ бројните транзиции, турбулентни времиња и успесите нанижани во текот на овие 30 години.
- Да се работи за истата компанија цели 30 години е знак на обострана доверба и посветеност, но и импресивна упорност од ваша страна да останете во истото опкружување во добро и во лошо. Што се има променето во текот на овие три децении? Ако ја имавте шансата одново да бирате, дали нешто би промениле или би го избрале истиот кариерен пат?
За сите овие години работно искуство поминав низ неколку сопственички трансформации и реорганизации, како и различни начини на работа, но останав во истиот систем, што можеби се должи на сплет на добри околоности. Накратко, започнав да работам во „Соко Штарк“, па набрзо потоа следеше припоувањето на „Гранд кафе“ и словенечката „Дрога Колинска“. Потоа во 2010 година беше остварена една од најуспешните аквизиции во регионот и денес работиме во рамките на системот на „Атлантик Група“. Преку прилагодување на на овие промени, се менуваа и моите позиции и така се надоградуваше мојата кариера. Покрај тоа, се менуваше и општеството, како и начинот на работа и размислување на самата компанија, а да не ни зборувам за технолошкиот развој и процесите на дигитализација. Но, суштината е да се прилагодиш и да ги прифатиш промените. Во „Атлантик Група“ сме и те како свесни за тоа и постојано работиме и на процесите и на луѓето и настојуваме да бидеме еден динамичен систем кој брзо се приспособува не само на барањата на пазарот и потрошувачите, туку и на потребите и очекувањата на своите вработени. Така што, со компанијата и нејзините вредности се менуваме и надградуваме и самите ние, па веројатно ако би морала пак да бирам, би го избрала истиот пат.
- За да бидеш успешен на пазарот, мора да имаш добар производ, а за да имаш добар производ мора да го познавач просечниот потрошувач. Тука главна улога игра односот со потрошувачите и начинот на кој една компанија дава и добива информации. Кои се важните работи во светот на PR комуникацијата во моментов? Како е сегашната комуникација поинаква од онаа порано?
Со појавата на пазарната економија компаниите започнаа да комуницираат со својата јавност, но тоа првично беше еднонасочна комуникација. Денес комуникацијата е двосмерна, базира на дијалог и тоа е основната разлика. Без дијалог денес еден бренд не може да се развива, ниту да биде успешен. Ако зборуваме за корпоративната комуникација, наједноставно кажано, таа подразбира одговорна комуникација према вработените, деловните партнери, заедницата во која работите, медиумите, односно достапноста до сите релевантни информации за сите наши корисници. Но исто така, заради обостаното разбирање со нашата јавност, важно ни е да бидеме и добар соговорник и да ги чуеме различнити потреби, ставови и идеи на сите наши стејкхолдери, бидејќи само така можеме на вистински начин да одговориме на нивните очекувања. Тоа е всушност и основа на одговорното и одржливо работење. Значи, отворената и искрена комуникација е најдобра гаранција за доберва, додека градењето на доверба и добри односи со јавноста се суштината на оваа професија. Резултатот е респектабилна компаниска репутација, како одгледало на сето она што го работиме и комуницираме.
- Низ тешките и непредвидливи моменти кои ја одбележаа оваа 2020 година досега, Атлантик Група мораше да се приспособи најдобро што умее со цел да ја задржи стабилната позиција на пазарот. Како компанијата го направи тоа? И дополнително, како придонесе за нејзиното опкружување што помалку да ги чувствува суровите ефекти на глобалната пандемија?
Светот се бори со пандемијата на корона вирус повеќе од шест месеци, а во „новото секојдневие“ сите учиме да живееме и работиме. „Атлантик Група“, благодарение на диверзифицираното портфолио на силни брендови, преку правовремени реакции како одговор на кризата и доброто стратешко планирање, а со целосна посветеност на вработените, успеа во првите шест месеци да покаже високо ниво на стабилност и да постигне добри деловни резултати со минимални негативни последици. И не само тоа, туку сите ние успеавме и да го задржиме позитивниот дух и заедништвото и да се избориме со најтешките епидемиолошки предизвици на сите пазари и да го зачуваме здравјето на нашите вработени. Многу брзо ја прилагодивме организацијата и начинот на работа во смени и од дома, како и логистиката и работата на терен и сето тоа функционира одлично. Негативните влијанија на рестриктивните мерки во вонредната ситуација во голем дел се надоместени со остварените резултати од продажба на нашите стратешки брендови во retail. Благодарение на стабилната финансиска позиција, со зачувување на сите работни места и платите кои одат доаѓаат со нив, компанијата можеше активно да се вклучи во борбата против коронавирусот донирајќи вкупно 3,7 милиони евра за елиминирање на ефектите од пандемијата на сите клучни пазари, во координација со локалните кризни штабови и институции кои беа одговорни за заштита на луѓето од заедницата. Најголемиот дел од наведениот износ се однесува на донации наменети за набавка на медицинска опрема, особено респиратори и материјали неопходни за ефикасно работење на здравствените институции во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора, а еден дел од нив вклучува и донација на производи на здруженијата во рамките на координацијата на националните штабови, исто така на сите пазари на кои делуваме.
- Вашата работа како раководител за корпоративни комуникации за Србија и Македонија во Атлантик Група ве става во позиција да имате директен или индиректен однос со многу засегнати страни, клиенти, потрошувачи и соработници. Кои се главните карактеристики кои ги барате кај една личност за да бидете сигурни дека можете да ѝ верувате и да соработувате со неа?
Грижа, отвореност, страст и раст се нашите корпоративни вредности, кон кои се стремиме и кои се манифестираат преку подготвеноста да се излезе надвор од комфор-зоната. За да ја негуваме оваа култура, најважно е да привлечеме луѓе кои имаат потенцијал да живеат во склад со нашите основни вредности. Во тој контекст, мотивацијата, насоченоста кон целта и енергијата, но и подготвеноста да се помогне на другите се она по кое трагаме, бидејќи кога ќе се совпаднат вредностите на компанијата со поединецот, доаѓа до полна реализација на потенцијалот и задоволство за двете засегнати страни. Така, од професионален аспект, во „Атлантик Група“ посебно се нагласува поединецот како интегрирана личност, со максимално почитување на различноста, без разлика на полот, националната, верската и каква било друга припадност, како и можноста за сопствен развој и поддршка на сите аспекти кои го сочинуваат еден здрав и задоволен вработен.
- Кога еден млад и амбициозен човек ќе ја погледне вашата кариера, тоа може да му послужи како инспирација и да му даде надеж дека напорната работа се наградува со успех на деловен и приватен план. Имате ли совет за младите луѓе кои допрва започнуваат со работа во Атлантик Група?
Младите луѓе денес се извор на информации, знаат што сакаат и имаат конкретни и јасни очекувања, што е многу позитивно, и затоа би им препорачала да бидат отворени, храбри и креативни, да бидат љубопитни и истрајни кон своите идеи, бидејќи „Атлантик Група“ е компанија која тежнее да излезе од стандардните вообичаени шаблони и норми. Ние постојано бараме промени, ги иновираме деловните и производните процеси, се тестираме во нови видови на работење, имплементираме нови технологии и константно бараме нови деловни можности. Значи, оние кои ја започнуваат кариерата во „Атлантик Група“ треба да имаат иницијатива, но и да бидат посветени и колегијални, бидејќи ние се грижиме едни за други. Не сме толку фокусирани на кодекси и правилници, колку што сме на меѓусебно разбирање и почитувани, а доколку во кратки црти би требало да го опишеме односот на компанијата према вработените, тоа би изгледало вака – грижа за луѓето.