VIVAX, водечкиот хрватски бренд основан во 2004 година, стана значајно присутен на македонскиот пазар нудејќи повеќе од 300 производи од категоријата електроника за широка потрошувачка, вклучувајќи клима уреди, телевизори, бела техника, мали апарати за домаќинство и паметни уреди. Брендот е познат по својата посветеност на квалитетот, иновациите, строгите еколошки стандарди и исклучителната корисничка поддршка по купувањето.
Во Македонија, освен тоа што обезбедува иновативна, квалитетна и достапна технологија, VIVAX активно работи на иницијативи за одржливост и интеракција со заедницата. Една од овие иницијативи е големиот еколошки настан „VIVAX чистка на Водно“, кој годинава се одржува по втор пат.
Овој настан, кој ја обединува заедницата со цел чистење на отпадот на Водно, беше инспирација да поразговараме со Сандра Спирова, Brand Marketing Specialist на VIVAX за Македонија, Косово, Грција, Албанија и Бугарија.
Од Сандра дознаваме повеќе за посветеноста на брендот која оди подалеку од технологијата, промовирајќи одржливост и позитивно влијание врз општеството, како и за бренд стратегиите кои градат силна поврзаност со купувачите.
- Годинава по втор пат го организирате големиот еко-настан „VIVAX чистка на Водно“. Може ли накратко да ни кажете како се роди идејата за ваква акција и што опфаќа таа, односно што сѐ може да очекуваат оние кои ќе дојдат со вас на Водно оваа сабота?
Наша одговорност е како ќе се поставиме кон зачувување на сè што нè опкружува, особено кон природата која е генератор на чист воздух и подобро здравје. Целта за организирање на ваков тип општествено одговорна акција втора година по ред е да дадеме поттик и јасна порака за подигнување на свесноста за здрав, активен живот.
Во сабота, заедно со сите учесници, волонтери и моите колеги од Паком Компани, низ дружење и лесна прошетка директно ќе придонесеме кон целта да овозможиме Водно повторно да дише. Распределени во групи, под водство на искусните планинари од Х2О, ќе ги поминеме најфреквентните патеки од кои ќе го собереме отпадот, а на врвот ќе се забавуваме и ќе уживаме во сончевото време.
- Имајќи ја предвид успешноста на минатогодишната акција во којашто со помош на повеќе од 200 волонтери собравте над 200 вреќи отпад, какви се вашите очекувања за оваа година?
Со оглед на тоа дека ни претстојат првомајските пикник собиранки, веруваме дека 3 мај, сабота, е совршен датум да се направи оваа VIVAX чистка на Водно во уште поголем број од минатогодишниот. Ова е вистински момент за сите кои ја сакаат природата и тежнеат кон здрав спортскиот живот, да ни се придружат. Настанот не повикува на компетитивност кај учесниците, напротив, следиме темпо кое одговара секому, а целта е иста за сите, да имаме почисти патеки и поголема вегетација.
- Настанот „VIVAX Чистка на Водно“ е одличен пример за активирање на заедницата преку иницијатива водена од бренд. Како оваа иницијатива се усогласува со вашите пошироки маркетинг и бренд цели?
Паком Компани и брендот со кој сме особено горди, VIVAX, имаат јасно поставени цели за заштита на животната средина. Нашата мисија е многу поголема од само создавање на квалитетни производи, односно целиме кон активно учество и грижа за нашите крајни купувачи, заедницата и за природата која нè опкружува.
Покрај повеќегодишното присуство и поддршката на планината Водно и планинарскиот дом Даре Џамбаз, VIVAX е горд спонзор на многу културни настани, детски активности, спортски активности и разновидни општествено одговорни иницијативи, впрочем тоа е врежано во нашата ДНК како бренд. Веќе сме во подготовки на голем број настани за сите генерации во периодот кој ни претстои, со кои сум сигурна дека ќе го задржиме вниманието на јавноста и имиџот на бренд кој е тука за сите.
- VIVAX како бренд долго време вложува во заедницата и околината. Колку овие иницијативи придонесуваат за јакнење на емоционалната врска со вашите потрошувачи и нивната лојалност кон брендот? Дали сметате дека поттикнувате трајни промени кај јавноста во односот кон животната средина?
Како што веруваме во гаранцијата и квалитетот кој го имаат нашите VIVAX производи, така сме свесни и за силната поврзаност која ја имаме со природата. Имено, секој производ кој го создаваме има влијание на животната средина, па затоа преземавме одговорност да го намалиме тоа влијание, односно интензивно работиме на создавање производи кои имаат за цел да ја намалат потрошувачката на вода и енергија, да ги минимизираме емисиите на штетни материи и да создадеме производи кои ќе можат да се рециклираат на крајот на нивниот животен век.
Веруваме дека одржливоста е повеќе од грижа за животната средина – таа е и грижа за луѓето. Овие активности секако се поттик и влијаат во креирање на трајни промени првенствено кај нас како бренд, а потоа и кај секој наш краен потрошувач.
- Управувањето со маркетинг активности во повеќе земји е вистински предизвик. Како обезбедувате конзистентност на брендот, притоа овозможувајќи локална флексибилност во кампањите? Постојат ли канали и тактики кои се покажале како ефективни во целиот регион што го водите?
Менаџирањето на маркетинг секторот за многумина претставува само креативно изразување, но праксата го покажува спротивното. Овој сектор е лицето на брендот, она по кое сите те препознаваат, а кога си одговорен за бренд кој е веќе позициониран и препознаен по својот квалитет, иновативност и развој, одговорноста е навистина голема и работата се одвива со многу динамично темпо.
Секој пазар е различен, но најважно е дека не е примарна големината на пазарот, колку што е важно да се разберат потребите и навиките на секоја една индивидуа. VIVAX е присутен на пазарот повеќе од 20 години, во повеќе од 42 земји, со раскошно портфолио и силна позиционираност. Кампањите кои се креираат се засноваат на јасна порака, разбирлива секому, која има прецизност, допира и создава реакција. VIVAX има заземено јасен став, близок до секого, следи трендови, но останува верен на својот квалитет и вредност.
Влијанието на дигиталниот свет си го прави своето – динамичност, трендови, платформи, итн. Сега е лесно да погледнеш што комуницира VIVAX Хрватска, VIVAX Македонија, VIVAX Косово или Албанија. Секој комуникациски пристап е можеби креативно различен, секако, потребно е да одговара за секој пазар, но сите се со една јасна порака – VIVAX е синоним за квалитет.
- Кои се најзначајните предизвици и можности што ги гледате за маркетингот и CSR активностите на VIVAX во следните неколку години?
Развојот на дигиталните алатки и насочувањето кон актуелните тренд апликации е голем предизвик, бидејќи се отвoраат многу повеќе можности од едноставно пласирање на кампања. Впрочем, секоја генерација си носи свои новини, па преголемото присуство на брендовите на социјалните медиуми може да биде и негативно прифатено. Заради тоа целиме кон реалистичен пристап, прифатлив за секое око, се прилагодуваме соодветно на секоја апликација и сакаме да бидеме општествено одговорен бренд, кој ќе ја активира и ќе има емотивен пристап до нашата база на следбеници.
Покрај сите имиџ кампањи, CSR кампањите се одлична можност истовремено да се направи добро дело и да се постигне поголема видливост, развиваат емотивна поврзаност и создаваат свесност. Секој сака да се идентификува со бренд кој е позитивно перцепиран, но за да се задржи овој тренд, потребна е конзистентност, постојано развивање на нови концепти и посветеност. Ова се клучните предизвици кои целиме да ги одржиме во VIVAX и во иднина.