Наредниот ноември во Белград се оддржува PRilika 2014 – ПР конференција во организација на Друштвото за односи со јавност на Србија (ДСОЈ) на која се очекува да присуствуваат голем број на ПР професионалци од Србија и регионот кои ќе имаат прилика да слушнат предавања од некои од најистакнатите ПР експерти во светски рамки.
На тема конференцијата, ПР секторот во Србија и регионот, денеска на Маркетинг365 разговараме со Тамара Бекчиќ, директор на ПР агенцијата Chapter 4 Србија, член на управниот одбор на ДСОЈ и координатор на Програмскиот одбор на конференцијата ПРилика 2014.
1. Во почетокот на ноември, не очекува шестото издание на конференцијата ПРилика 2014. Кои се главните теми на овогодинешното издание?
ПРилика 2014 е шеста по ред, регионална ПР конференција, која оваа година се одржува по називот „КОМУНИКАЦИЈА НА (С)ЦЕНА „.Целта на собирот е да понуди одговори на актуелните прашања од струката: како успешно да се соочите со промените, како да одите во чекор со трендовите и она што е особено важно – како да ги задоволите растечките очекувања во организациите во кои работиме, а кои работат во се потешки околности. За место на случувањата, оваа година го одбравме театарот Звездара, илустрирајќи ја намерата- односите со јавност да се во центарот на вниманието: клучните предизвици на струката на бина, изложени и осветлени со рефлекторите на сцена.
Исто така, играта на зборови во насловот (Сцена-Цена) се однесува на финансискиот аспект, кој за жал не ги следи растечките потреби на нашата професија : од ПР-овците се повеќе се очекува, а надоместокот, буџетите, вклучувајќи ги и платите, не покажуваат раст, туку сосем спротивно.
2. И оваа, како и претходната година, на конференцијата доаѓаат искусни ПР експерти, кои ќе го поделат своето искуство со регионалните ПР професионалци. Кои од нив овој пат, ќе имаме чест да ги слушнеме и на која тема?
Задачата на Програмскиот одбор на ПРилика е секоја година се потешка, бидејќи и стручњаците за односи со јавноста во регионот се се подобри, а нивните стандарди се се повисоки. Затоа со голема гордост можам, во име на ДСОЈ и самиот Програмски одбор, да кажам дека доаѓањето на најавните предавачи е исклучителен успех. Станува збор за предавачи кои се светски познати стручњаци: Pol Holms е автор на многу важна алатка за истражување,кој низ години укажува на трендовите, но и ги поставуава – The Holmes Report, а воедно и е основач на најпрестижните професионални SABRE награди во светот; Džeremi Galbrait е почитуван предавач и глобален директор за стратешои комуницирање во една од водечките светски ПР агенции – Burson-Marsteler; ; Donald Stil, е меѓународен експерт за кризни комуникации и поранешен главен советник за комуникации на медиумската куќа BBC.
Покрај нив, низ предавањето, студиите на случај и панелите, на ПРилика учествуваат и голем број други експерти и претставници на водечките компании низ Србија и регионот: Damir Jugo, декан на Bernays школата за комуникациски менаџмент, единствена во целиот регион, Miša Lukić, кој е претседател на Publicis Group од Србија, потоа претставници на компаниите NIS, Philip Morris i IKEA, кои на колегите ќе им ги претстават успешните примери на проекти од регионот. Во програмата на конференцијата е вклучена и презентацијата на резултатите од најважното овогодишно европско истражување за комуникациите и комуникаторите – European Communications Monitor 2014.
Две панел дискусии ќе бидат квалитетна можност за дијалог ,за очекувањата и предизвиците кои во ПРаксата ги заземаат ПР професионалците од разлини организации:од современите комуникациски трендови и етики, до угледот на ПР специјалистите, буџетот, професионалноста.
3. Што им препорачувате на македонските ПР професионалци, зошто тие би требало да дојдат на оваа конференција?
Собирањето на олку квалитетна листа на меѓународни предавачи, Здружението на Србија за односи со јавноста, конференцијата ПРилика ја доведе буквално рамо до рамо со угледните стручни собири кои се одржуваат во Лондон и Њујорк. Квалитетот е светски, а конференцијата е географски многу блиску, во регионот, кај комшиите и пријателите, така што и трошоците за пат и сместување се помали.
Покрај тоа, ја добивме и повеќе од потребната подршка од спонзорите, пред се комапаниите Henkel i Banca Intesa,но и Marbo, Coca-Cola, Bambi… поради кои и котизацијата е мошне пристапна за ваков дводневен собир.
Кога би биле големи љубители на рок музиката, а Стоунси би свиреле на концерт стотина километри од вас, при што влезницата е барем четири пати поефтина од другите места во рамките на турнејата….тоа е ПРилика која морате да ја грабнетеJ
Шегата настрана, ова е случај тука: светски квалитет по пристапна цена и ПРограма која не сакате да ја пропуштите, доколку сериозно се занимавате со односите со јавноста. Покрај тоа, на колегите од професионалното здружение во Македонија (ЗОЈМ),им одобривме 10% попуст на цената за котизација .
4. Како го оценувате развојот на ПР професијата во Србија и кои се нејзините главни предизвици во наредниот перид?
Во последните две години, ПР агенцијата Chapter 4 во Србија, на која сум соосновач и директор, освои неколку престижни, меѓународни признанија. Европските фестивали на кои по тој повод присуствував, претставуваат одличен пресек на состојбата на ПР струката на континентот и пошироко. Да тргнам од сличностите со домашниот пазар: финансиската криза имаше позитивни последици – се зголеми нивото на креативноста, буџетите „попометно„ се трошат, социјалните мрежи отворија ново поглавје за комуникација и нивното значање само ќе се зголеми. ПР стручњаците се менуваат, ги следат потребите на модерното работење и напредокот на технологијата, стануваат посестрани.
Угледот на Професијата не е на посакуваното ниво и на тоа мореме систематично да работиме во правец на едукација, промоција, унапредување на стручњаците, инсистирање на планирање и евалуација, односно мерење на резултатите. Унапредувањето на угледот на професијата претставува и едно од значајните цели и задачи на професионалните здруженија во Србија.
Она по кое српскиот пазар се разликува, односно во што заостанува се буџетите. Економските околности се такви што не можеме да очекуваме позитивни промени преку ноќ.
5. Колку се запознаени со случувањата во ПР индустријата во Македонија, дали сте имале можност да соработувате со нашето професионално здружение или со некои од ПР агенциите?
Chapter 4 агенцијата е ексклузивен претставник на една од водечките светски ПР мрежи – Burson-Marsteler и како таква работи и во Македонија.
Имавме прилика да соработуваме со колегите од Скопје и тоа многу успешно. Знаењето и стандардите се на високо ниво, а проактивноста, креативниот пристап и темелното познавење на локалниот пазар се од непроценливо значење за клиентите.
Она што е значително потребно на македонскиот пазар е стандардизација на цените на ПР услугите, затоа што само така професионализмот и квалитетот можат да опстанат, а преку нив, и самата струка се зајакнува.