Разговаравме со Вања Блуменштајн, креативен директор на агенцијата Señor, најдобрата агенција на годината на минатогодишниот BalCannes.
Лавовите повторно се пуштени во дивината на комуникациската индустрија и чекаат на Вас! Веќе осма година BalCannes, како ревија на проекти за маркетинг комуникацирање, ги спојува оригиналноста на креативните идеи, квалитетот на нивната примена и пазарната релевантност и според овие критериуми избира 25 најквалитетни регионални проекти. Пријавите се отворени, а за лавовите зборуваме со оние кои се добро запознаени – агенцијата Señor и креативниот директор Вања Блуменштајн, кои оваа година BalCannes ги испрати на натпреварувањето Cannes Lions.
Во пресрет на уште еден BalCannes, сакавме да провериме како ја прославивте титулата најдобра агенција во регионот?
Нема да кажеме дека процесот не вклучуваше сериозен мамурлак и воспаление на новооткриени мускули. Обично агенциите кои добиваат награди, уште од автомобил на пат кон дома го испраќаат онај клише ПР такст со наслов во стилот: “Имате ли било каков мајстор за полици, добивме еден куп награди?“ Ние најдобро се чувствуваме додека создаваме, па кога еуфоријата спласна, за да ја прославиме оваа награда и да ги забавуваме своите колеги од индустријата кои ќе го читаат ова, го смисливме S.W.A.G. – Señor’s Wonderful Award Generator.
“Со завист гледаш на бронзата на колегата од Shangahi ADbombs фестивалот? Љубоморна си дури и на ткаенината со која поранешната шефица ја чисти Гранд При статуетката од угледниот Lebanon New Wobbler Days? Затреперуваш од помислата на Basel Shelf-divider Biennale и се здрвуваш кога ќе помислиш дека можеби никогаш нема да го имаш во своите раце? Не се грижи, посети ја senor.hr и со еден клик на Señor’s Wonderful Award Generator освои вакви и многу други престижни награди. И задолжително пофали му се на светот – никој нема да знае.“
Што сакавте да кажете со Señor’s Wonderful Award Generator? Нас добро не насмеа, но веруваме дека има и подлабока порака која сакате да ја пренесете?
Прво, сакавме да се забавуваме. Наградите се дефинитивно најпосакувани од агенциите, но не треба да се сфаќаат премногу сериозно, ниту кога победувате, ниту кога губите. Призанијата се одлични, но уште поважно е да се фокусирате на добри проекти. Наградите секогаш доаѓаат како последица (во овој случај буквално). Се чини дека поради хиперинфлацијата на разни адвертајзинг фестивали паѓа вредноста на наградите во нашата индустрија. Дали сите награди имаат иста вредност? Кои ги ценат креативците, а кои клиентите? И дали ги ценат воопшто? Дали некои фестивали се вредни за времето и парите, ако за возврат носат само можност за пост на социјалните мрежи, што во хиперинфлацијата на информациите брзо се забораваат. Треба ли фестивалските признанија да бидат одраз на јавното мислење или високите стандарди на креативците во жирито? И дали најголемата награда би требало навистина да бидат резултатите и задоволството од сопствената работа? Ова се некои од прашањата за кои често зборуваме во агенцијата – сакаме да преиспитуваме, да разјаснуваме – не помалку важно – секогаш да одржуваме доза на здрава разервираност.
Кои фестивали се за Вас вредни за улогата на времето и ресурсите?
Искуството покажа дека е најдобро (но и најтешко) да се биде прпрок во сопственото село. Ми се чини дека е најкорисно да се фокусираме на националните и регионални фестивали, како IdejаX, Kaktus, SOF, Effie и BalCannes. Ова се фестивали на чии пазари ние работиме најмногу, чиј контекст добро го разбираме, со награди кои клиентите ги следат и ги перцепираат како важни. Најдраг е аплаузот од луѓето со кои секојдневно се натпреваруваме на овие натпрвари. Кога сме кај тоа, со цел да се оптимизира улогата на времето, предлагам нашите национални фестивали и BalCannes да се договорат за времето на траење на case видеата при пријавувањето – верувам дека со оваа постапка ќе се олеснат пријавите на агенциите и ќе се заштеди време кое може да се инвестира во креирањето на нови award-winning проекти.
Понекогаш, сепак, треба малку да се споредиме и со големите светски брендови со големи буџети на големите пазари. Овие награди се повеќе привлечни за креативците и им даваат сила да издржат дури и кога роковите се затегнати. Затоа, не можам да го прескокнам и најголемиот светски фестивал – Cannes Lions кој заедно со уште неколку фестивали од А категорија, освен лична сатисфакција поради признание на големата адвертајзинг сцена, носи и огромен публицитет, особено во нашиот регион, каде што е ретка појава. И ние во рамките на наградата за Агенција на годината на Balcannes освоивме котизација за пријава на Канскиот фестивал. Во таква луда конкуренција (минатата година беа пријавени над 30.000 кампањи), тоа е како лотарија, но како се вели: ако не играш, не можеш да добиеш.
Што значи за Señor титулата најдобра агенција на BalCannes? Со лавот под рака, што се промени кај вас?
Она што е сигурно, не спиевме на наградите. Лансиравме нова кампања за Iskon – “Prilika života“, која ми е едена од најомилените кампањи за Iskon. Кампањата “Veliki hrvatski naivci“ беше наградена и на Idejа X, а верувам добро поминува и во регионот. Жирито на следниот BalCannes сигурно може да ја очекува нашата хуманитарна кампања “Sjetan Božić“ или дигиталниот проект за Франк – snogoo… Подготвуваме и една голема општествено одговорна кампања…
За нас наградата беше и не беше изненадување. Не ја очекувавме затоа што имаме доволно фестивалско искуство за да знаеме дека среќата знае да биде превртлива. Од друга страна, апсолутно бевме горди на пријавените проекти кои освоија награди, не е незаслужено :) Последните неколку години беа навистина одлични за нас во оваа фестивалска смисла, бидејќи успеавме да ги освоиме најважните домашни награди во сите области со кои се занимаваме. Она што BalCannes сигурно ни донесе е уште една голема потврда дека континуирано се наоѓаме на самиот врв на креативни агенции во регионот – тој континуитет, ширина и ниво се многу важни за нас, бидејќи не си добар, колку што е добар твојот најдобар проект, туку онај најлошиот. Последиците се чувствуваат преку честитки од колегите и клиентите, но уште поважно, преку јавување на таленти од целиот BalCannes регион – сепак луѓето се најважниот капитал на секоја агенција.
Доаѓате со празни раце на Weekend Media Festival, а потоа до Загреб треба да се достават тешки лавови. Дали почесниот блескав член успешно се вклопи во тимот? Имате ли некој совет како најлесно да се достави до дома?
Немавме проблем со лавот за најдобра Агенција во регионот – беше питом, спиеше по патот за дома, мислам дека се чувствуваше природно во наши раце. Додуша, малку пушта светки, па секогаш кога ќе го погалите, ви остава на вас малку од својата креативна златна прашина.