Се согласувате ли дека изгледот понекогаш знае да излаже? Дури и најубавите чевли може да предизвикаат најболни плускавци само по неколку часа носење, а најниските штикли ќе направат да кривите од болка.
Познатиот бренд ПЕКО го сакаме поради удобните чевли кои со сигурност нема да не разочараат подоцнa a освен удобноста овој бренд се труди и да ги отсликува и следи трендовите од светската мода за обувки – а секако е и една од компаниите од овој сегмент која е најактивна со своите промотивни активности на социјалните мрежи и постојано присутна на сите мас канали за комуникација.
Денешен гостин на Маркетинг365 е Г-дин Венцо Ангеловски, директор на ПЕКО ДОО Скопје, кој го замоливме накратко да ја сподели со нас својата успешна бизнис приказна.
- Г-н Венцо, Од кога постои вашата компанија, со што се занимава и колку вработени брои?
Друштвото ПЕКО ДОО Скопје за трговија на кожни обувки, кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 година. Од основањето па сѐ до денес, ПЕКО ДОО Скопје успешно работи и го проширува својот бизнис, со што денес успева да вработи 52 лица.
- Кои брендови ги работите во моментот и каква стратегија за промоција користите за истите со оглед на различната целна група?
Уште од своите почетоци ПЕКО се стреми да ги задоволи потребите на потрошувачите од сите генеерации, и тоа со носење на добро познатите брендови на македонскиот пазар, како што се: PEKO, Ciciban ARA, Gabor, Bugatti, Nicola Benson, Imac, Paar, Planika, Legero, Effegi, Girza, Alpina, итн.
- Која е приказната која стои зад брендот Пеко?
ПЕКО ДД Тржич е една од водечките компании од чевларската индустрија како во Словенија така и во останатите бивши Југословенски простори и Европа. ПЕКО ДД Тржич го има формирано познатиот словенски трговец и производител Петар Козина и тоа на 25-ти март 1903 година. Во знак на благодарност и сеќавање ПЕКО ги користи првите две букви од неговото име и презиме. Истиот исто така означува Производство на Елегантни Кожни Обувки, кои се препознатливи по својата удобност.
- Кои медиуми ги користите најактивно за да ја споделите приказната на брендот со потрошувачите?
За пренесување на својата порака, како и за претставување на своите производи ПЕКО ДОО Скопје, користи повеќе типови на комуникациски средства, како што се телевизијата, радиото, печатените медиуми, постери, плакати, и дигиталните медиуми.
- Која е дигиталната стратегија на брендот, кон кои медиуми сте фокусирани и зошто?
Како што веќе сите знаеме, денес дигиталните медиуми претставуваат најраспространетото средство, како и најефективното за комуницирање со постојаните и новите потрошувачи. За таа цел, Друштвото ПЕКО ДОО Скопје оформи своја сопствена веб страна, има своја фан страна на Facebook, како и свој профил на Instagram.
- Дали стратегијата за продажба периодично ја менувате: квартално/годишно или по потреба?
Стратегијата за продажба Друштвото ПЕКО ДОО Скопје за прави еднаш годишно, но во зависност од промените на пазарот истата, како и чекорите за нејзино остварување можат да се модифицираат.
- Кој е вашиот најголем предизвик во иднина?
Задоволување на постојаните потрошувачи, како и пронаоѓање на нов сегмент на потрошувачи.
- Што е она што ве издвојува од останатите конкуренти?
Благодарение на конзистентноста во квалитетот и постојаното следење на потребите на потрошувачите, ПЕКО ДОО Скопје успева да постои за македонскиот пазар повеќе од 24 години, со што оваа компанија на територијата на Р. Македонија која има најдолга традиција за продажба на кожни обувки
- Кој е клучот зад долгогодишната успешна приказна на брендот Пеко?
За долгогодишното постоење на ПЕКО ДОО Скопје наголемо влијание имаат верните потрошувачи, како и вработените во Друштвото ПЕКО ДОО Скопје, кои со својот труд, како и своето долгогодишно искуство, го изградија имиџит на овој бренд.