Во изминатиов период една од најжешките теми во медиа-маркетинг индустријата во Македонија беше и таа поврзана со почетокот на наплаќањето на сервисот кој “Гемиус“ изминатиов период го нудеше бесплатно за маркетинг агенциите и веб сајтовите во Македонија.
Би рекле ништо необично со оглед на тоа што и Гемиус како и секоја друга компанија работи за да заработи, но тој момент отвори неколку дилеми и дискусии.
Сите се сложија околу една работа а тоа е дека независно мерење треба да има а и дека демографските истражувања за публиката на веб медиумите се повеќе од добредојдени, тоа што предизвика најмногу врева беа цените кои Гемиус ги понуди а кои беа перцепирани како превисоки и тоа дали Гемиус е правилниот и единствен избор за оваа услуга.
Маркетинг365 денеска ексклузивно разговара со Веселин Ангелов, директорот на Гемиус Бугарија, компанијата која ја понуди оваа услуга и за нашиот пазар.
1.M365 : Господине Ангелов, во Македонија, најмногу прашина крена прашањето поврзано со цените кои Гемиус ги понуди за веб сајтовите, а кои од мнозинството веб сајтови беа оценети како превисоки и неприкладни за нашиот пазар. Како Гемиус дојде до овие цени?
Веселин Ангелов : Нашата ценовна политика беше транспарентна од самиот почеток на проектот во Македонија – всушност ќе Ви ја доставам и целата кореспонденција со локалната организација на ИАБ од почетокот (Забелешка: М365 ја доби целата кореспонценција на Гемиус со ИАБ Македонија и потврдува дека Гемиус уште од Ноември 2012 година го има информирано ИАБ околу ценовната политика за настап на пазарот во Македонија) .
Со членовите на ИАБ Македонија дискутиравме многу прашања, но не и за цените се досега, па навистина сметам дека тие не се “неприкладни“. Сега во првата фаза од проектот, најголемите веб сајтови треба да платат помалку од 70 евра/месечно. Ако тоа е сума која најголемите веб сајтови неможат да си ја дозволат – подобро да го затвориме целиот проект веднаш.
Во однос на тоа како дојдовме до овие цени, можам да Ви кажам дека цените кои ги нудиме во Македонија се најниски во споредба со сите други повеќе од 30 земји каде оперираме. Единствено во Молдавија се сосема исти.
Но еве, да ги заборавиме сите други земји – условите таму не ги засегаат сајтовите во Македонија. Сакам да појаснам што “скапо“ значи – ако овој проект на веб медиумите им донесе повеќе пари отколку што тие ќе платат – значи дека цената е ОК. Бидете убедени дека ние сме сигурни дека ова ќе биде профитабилно како и во сите други земји каде што почнавме ваков проект, интернет огласувачите вложуваат многу, многу повеќе. Јас не гледам причина во Македонија да не биде исто. Договорот кој го понудивме на нашите партнери дозволува тие да се откажат од соработката во било кое време без никакви дополнителни пенали а ние не ни наплатуваме никакви иницијални трошоци – што значи дека секој, во било кое време може да се приклучи и да се откаже без никакви компликации.
2.M365: Кои се главните придобивки од користењето на Гемиус за веб сајтовите и маркетинг агенциите во споредба со услугите кои ги нудат Вашите конкуренти?
Веселин Ангелов : Колку што јас сум запознаен најпопуларна алатка за анализирање на интернет сообраќајот во Македонија во моментов е Google Analytics, па ќе ги набројам главните разлики:
- Првата главна разлика е тоа што Google Analytics може лесно да се манипулира. На пример ако ставите две идентични tracking скрипти на една страна – ќе брои дупло бидејќи нема таква заштита, ако ставите tracking скрипта од еден сајт во i-frame на друг домејн-ќе брои и таму и таму….итн.. има преку 1000 начини да се излаже Google Analytics. Од друга страна Gemius е заштитен од сите познати начини на лажирање.
- Со податоците од Google Вие гледате инфо само за cookies – со Gemius гледате податоци за cookies но и за REAL USERS (RU). Верувајте дека адвертајзерите не се заинтересирани за кукис туку за реални луѓе. За пример: во Бугарија имаме 4 милиони Real Users и месечно мериме повеќе од 16 милиони уникатни cookie – тоа е затоа што секој RU има повеќе од еден browser (секој браузер е различно кукис), повеќе од еден компјутер (дома и на работа), смартфон итн..
- Гемиус нуди социо-демографски профил – пол, години, приход, место на живеење итн..Речиси нема кампања без таргетирана група и што е многу важно Гугл нема социо-демографски профили воопшто.
- Гугл овозможува податоци само за секој сајт поединечно и не е погоден за медиа планирање бидејќи на пример ако имаме 3 веб сајтови со 1000 посетители на секој – не значи дека опфаќаме публика од 3000 посетители – бидејќи некои од нив можно е да се истите оне што ги посетуваат и другите 2 сајтови.
Значи вкупниот број на посетители на тие 3 сајта варира од 1000 до 3000, но никој не го знае точниот број.
Гемиус на агенциите/огласувачите им ги покажува дупликатите и го пресметува точниот број на посетители (без дупликати) за сите набљудувани веб сајтови.
Постојат уште многу предности но ќе застанам тука.
Главната цел и придобивка на овој проект е што online индустријата ќе им овозможи на огласувачите кредибилитетни податоци и поради тоа тие ќе бидат посигурни да инвестираат во нивниот online буџет. Логично е дека ОГЛАСУВАЧИТЕ ќе бидат безбедни во инвестирањето онлајн и ќе бидат мотивирани да потрошат повеќе и повеќе.
Да не бидам погрешно сфатен, не велам дека Google е некомпетентен провајдер на вакви услуги, едноставно нивниот продукт е креиран како сервис за нивните кор продукти AdWords и AdSense – НЕ за да биде користен да го продава Вашиот простор на агенциите/огласувачите.
3.M365: На кои се пазари во регионот е Гемиус присутен и какви се искуствата од таму во поглед на развојот на интернет маркетинг пазарот?
Веселин Ангелов: Во продолжение е листата на Европски земји во кои работиме:
За жал, за разлика од другите земји каде што работиме, во Македонија online пазарот е најнеразвиен – што исто така значи дека има и најголем потенцијал.
Само за пример во Северно-Европските земји (UK, Denmark, Norway, Sweeden итн.) парите кои се инвестираат во online пазарот се повеќе од тие што се инвестираат во ТВ . Сигурен сум дека ќе дојде време кога ова ќе биде реалност и во нашите земји и е само прашање на време.
4. М365: Во Вторник, почнувајќи од 13:00 часот во City Park Hotel имате презентација и средба со сите заинтересирани околу измените во Гемиус, што може да очекуваат посетителите?
Веселин Ангелов: За мене ќе биде задоволство да се сретнам со сите луѓе кои се заинтересирани за нашиот проект и да ги одговорам сите прашања што тие би ги имале.
Исто така сакам да Ви се заблагодарам и Вам и на Вашиот портал Маркетинг365 за Вашиот интерес – јас навистина го ценам сето тоа !