Во Белград неодамна беше оддржан годишен состанок на креативните директори во мрежата на McCann. На состанокот присуствуваа 15-тина претставници на МекКен агенциите од неколку земји, од Скандинавија, преку Источна и Централна Европа се до Балканот и Југо-источна Европа.
Состанокот го искористивме да поразговараме со Владимир Ќосиќ, креативниот директор на агенцијата МекКен Белград, на теми креативност, адвертајзинг, уметност…. и се што ги придружува !
М365 : Колкава е вредноста на креативноста ?
Владимир Ќосиќ: Уште кога почнував да се занимавам со адвертајзинг, како јуниор копирајтер, слушнав една максима која гласи “Креативноста продава производи“ и уште од тогаш длабоко верувам дека тоа е вистина. Сите брендови кои не се раководат од оваа девиза – се осудени на просечност како и огромни медиски вложувања за да бидат приметени од страна на своите потенцијални потрошувачи. Од почетокот на мојата кариера па се до денес, оваа девиза стана уште поактуелна.
М365 : Што е вистинската цел и колкава е релевантноста на фествалите на креативната индустрија и наградите кои таму се освојуваат?
Владимир Ќосиќ: Адвертајзинг фестивалите се (единствени) места на кои се среќаваат креативците од најразлични адвертајзинг агенции кои таму имаат прилика да си “ги одмерат силите“ и да разменат мислења. На фестивалите во рамки на огласувањата гледам како на светски првенства и олимпијади за спортисти – убаво е да се тренира, убаво е да се има натпреварувања на локално ниво – но, вистинските искуства се стекнуваат на меѓународни натпреварувања во одмерување на силите со најдобрите.
Од друга страна, неретко на овие фестивали доаѓаат и одреден број на клиенти. Покрај тоа што тие се во можност да ги видат најдобрите светски остварувања, тие, баш како и ние креативците, добиваат своеврсна “мотивациона инјекција на креативност“ која нас не поддржува да и понатаму се носиме со сето тоа што го носи нашата работа и на и во него напредуваме.
М365 : Можат ли малите пазари како Србија, Македонија и другите земји во нашиот регион, мали во однос на САД, Западна Европа или Азија, да се натпреваруваат со големите играчи ?
Владимир Ќосиќ: Во креативноста секако дека можат, бидејќи, за среќа, таа е една од ретките работи која не зависи од материјалните услови. Напротив, креативноста е една од најефикасните средства во борбата против кризата.На пр. одличните резултати придружени со неколку Златни лавови на нашите колеги од романската МекКен Букурешт тоа секако дека го докажуваат. Како и резултатите на многу агенции од нашите простори, вклучително и МекКен Белград.
М365 : Дали адвертајзингот може да биде уметност. Дали тој може да има влијание на општествените прашања во модерното друштво?
Владимир Ќосиќ: И тоа како ! Можеби е претерано да речеме дека огласувањето го презеде приматот од уметноста, но по влијанието во многу што се изедначија.
Факт е дека технологијата донесе огромни промени во буквално сите сегменти на огласувањето, бидејќи сега буквално секој акт на било кој бренд или поединец преку интернет и социјалните мрежи е достапен на сите, што услови промени доста во продукцијата , буџетите, медиското планирање, (двосмерната) комуникација на брендовите и потрошувачите…Конечно, највозбудливите идеи доаѓаат на местата каде се среќаваат науката, технилогијата и креативноста. Најдобрите од нив имаат прилично опиплив начин. Самиот збор “креативност“, кон кон крајот на претходниот милениум беше толку испразнет во своето значење, што речиси се сведе на клише со непријатно звучење – сега доби потполно нова конотација, подеднакво значајна во хуманиот аспект како од било кога во историјата, со влијание кое е веројатно поголемо од било кога досега.
М365 : Како ја гледате креативноста во регионот на Југо-источна Европа која беше прилично запазена на бројни фестивали, а на некои од најзначајните светски и наградена со многу престижни награди?
Владимир Ќосиќ:Мислам дека апсолутно не треба да не чуди големата креативност која се раѓа, постои и константно се обновува во нашиот регион. Мене лично би ме зачудило кога одеднаш би се кренал некој силен креативен бран од земји како што е Швајцарија на пример. Такви земји, кои неоспорно се преубави за живот, за било каков вид на уметност се апсолутно неинспиративни. Само малку размислете, најголемите дела настанаа на најизбувливите поднебја во најдраматичните времиња.
Тој вид на животна драма е просто најплодно тло за уметноста !