Со брзиот начин на живот, често забораваме да уживаме во малку повеќе мир, љубов и разбирање. Знаеме да ги делиме луѓето според раса, класа, пол, религија, а всушност сите сме еднакви човечки суштества. Сите сакаме исто и сакаме да ги уживаме истите права. За среќа, гледаме се повеќе иницијативи од поединци, организации и компании за подигање на свеста за еднакви права за сите.
Одличен пример за таква корпоративно и општествено одговорна компанија е Melon, part of Kin+Carta (Мелон) – компанија за развој на софтвер основана во 2003 година со канцеларии во Софија, Скопје, Велико Тaрново и Приштина. Покрај нивниот главен фокус, кој е развој на софтвер, тие со години вложуваат напори за општествени и социјални активности заедно со нивните вработени кои се целосно вклучени во различни иницијативи. Сето ова ги довело до создавање на сопствена Програма за одговорност во 2019 година.
Во 2022 година, Мелон станува дел од Kin+Carta, која е динамичен глобален екосистем од над 2.000 програмери и креативци и прва компанија на Лондонската берза со B Corp сертификат. За оние кои не се запознаени со терминот B Corp, таа сертификација е ознака дека бизнисот ги исполнува сите високи стандарди за користење на добри практики, проверени перформанси, одговорност, транспарентност, добросостојба и придобивки за вработените.
Зборувајќи за одговорноста, Kin+Carta ја претстави во Југоисточна Европа својата програма IDEA (Inclusion, Diversity, Equity and Awareness односно вклучување, различност, еднаквост и свесност) и заедно со Мелон ги здружуваат своите сили за глобални и локални иницијативи. Во целост ги вклучуваат своите вработени за подигање на свеста, едукација и мотивирање на нивното опкружување за сите да ги уживаат истите права, да живеат во своето автентично издание и да ги прифатат другите на ист начин.
Оваа програма ги опфаќа правата на жените, различноста, менталното здравје, ЛГБТ+ заедницата, луѓе со инвалидитет, важноста на сексуалното здравје, семејното насилство и здравјето на мажите. Со ова тие имаат за цел да го подобрат животот на сите групи.
Имавме можност да поразговараме малку повеќе на оваа тема со претставниците на Kin+Carta, Џенифер Кроули, Шерин Барос и Софиа Де Ла Колина (членови на Платформата за одговорен бизнис на Kin+Carta) за време на нивната прва посета во Скопје.
1. Како меѓународна корпорација која нуди услуги за дигитална трансформација, интересно е што вашата мисија е креирање на свет што ќе биде подобро место за саите. Што всушност стои зад таа изјава?
Џенифер: Нашата мисија може да се подели на 3 главни области, првата е „создавање“. Создавањето е она што Kin+Carta го прави најдобро, создаваме нови производи за нашите клиенти. Втората област е „подобро работење“ каде доаѓа до израз моќта на податоците со кои располагаме, искуството и технологијата. Имаме светски и искусни тимови за развој на софтвер, специјализирани за подобрување на работата на производите кои ги создаваат. И, конечно, третиот дел е „за сите“. Овој дел е додаден откако програмата IDEA беше објавена во 2020 година и ја претставува нашата посветеност за одговорност.
Мисијата на Kin+Carta е да изгради свет кој ќе функционира подобро за секого. За да го направиме ова, треба да ги вметнеме нашите амбиции за општествена одговорност во она што го правиме секој ден, преку индивидуални или тимски придонеси во областа на општествена одговорност, односно: ИДЕА (вклучување, различност, еднаквост и свесност), социјална праведност, филантропија, животна средина, етичко управување или било која друга област.
Целта на ова не е само луѓето да се приклучат во постоечки програми (како IDEA), туку наместо тоа, да се осигураме дека принципите на тие постоечки програми се вградени во она што го правиме секој ден. Нашата компанија има т.н. “тројна долна линија” (луѓе, планета, профит) што значи дека е подеднакво фокусирана на социјалните и еколошките прашања исто колку што е на профитот. Доказ за нашата посветеност на таа “тројна долна линија” е нашата успешна сертификација како прва B Corp сертифицирана компанија која котира на берзата во Лондон.
2. Што подразбира платформата за одговорен бизниc на Kin+Carta?
Џенифер: Како што расте Kin+Carta, така расте и нашиот потенцијал за позитивно влијание. Оваа платформа (или деловнo работење) еволуираше за да сега функционира одделно за кое се поднесуваат извештаи до нашиот глобален главен директор за стратегија. Преку таа платформа, ние придонесуваме во стратегијата на Kin+Carta со тоа што ги водиме и мотивираме сите околу нас да придонесат за конкретни одговорни бизнис активности и обврски, еден пример за тоа е делувањето на нашата IDEA програма за прифаќање и вклучување на различностите. Исто така, даваме предлози и соработуваме со клиентите за помасовно влијание околу паметни технолошки решенија за справување со јаглерод диоксид, на пр. нашата цел е да заштедиме 1.000.000 тони јаглерод диоксид со нашите клиенти во следните 3 години. Дополнително, иницираме дискусии со инвеститорите за важноста на различни клучни индикатори за перформанс (KPI) на пример родовата поделба во платите.
3. IDEA e основата на вашата платформа за одговорен бизниc. Што значи IDEA?
Шерин: IDEA е нашата глобална програма за вклучување, прифаќање различности, еднаквост и подигање на свеста за постоечките проблеми во општеството. Програмата има има за цел да обезбеди секој поединец, без разлика на пол, раса, религија или потекло, да се чувствува целосно безбеден и охрабрен во Kin+Carta.
Активни сме на секој континент, секоја земја и секоја заедница во која имаме канцеларии и тоа е дел од нашата мисија за создавање на подобар, побезбеден и поправеден свет за сите. Ние веруваме во нашата платформа за разбивање на структурната нееднаквост и ветуваме дека ќе бидеме сила за добро, во рамките на компанијата и во локалните заедници во кои делуваме.
4. Како ја применувате IDEA на трите континенти, имајќи ги предвид различностите во однос на културната традиција и нивото на инклузивност?
Софиа: Почнуваме со слушање и учење еден од друг. Имаме многу да научиме од Мелон и Фрактон и нивните филантропски иницијативи кои успешно ги спроведуваат веќе некое време. Нашата иницијатива е токму да ги споиме нашите напори, да учиме едни од други и заедно да започнеме да градиме свет кој ќе функционира подобро за секого. Првиот чекор во овој процес е формалното ширење на програмата IDEA во југоисточна Европа, заедно со Одборот за југоисточна Европа ќе се погрижиме да имаме претставници од секоја земја за да бидат истакнати нивните верувања и вредности. Заедно ќе го направиме планот и ќе се фрлиме веднаш во акција. :)
5. Како вработените се вклучуваат во таа компаниска иницијатива и култура?
Софиа: Вработените имаат можност да се вклучат во тие активности преку афинитетни групи и одбори. Некои се регионални, а некои се глобални, но најважниот дел е дека се формирани од вработени кои сакаат да волонтираат за различни цели. На тој начин тие го зголемуваат влијанието и обезбедуваат простор за сите нивни колеги и нивните блиски да се поврзат, растат и негуваат инклузивна култура. Овие групи обезбедуваат поддршка, ресурси, застапување, пристап до непрофитните организации во заедницата и промовираат интерна едукација на различни теми. Ги охрабруваме тие групи да направат значителни промени во Kin+Carta како целина.
6. Кои се главните работи кои Kin+Carta ја прават различна од илјадници ИТ компании кои ги бараат најдобрите ИТ умови во светот?
Шерин: Во Kin+Carta, ние ја сфаќаме одговорноста многу сериозно. Вградивме одговорност во работата со нашите клиенти и постоиме за да го направиме светот да фунционира и служи подобро за сите преку програмата IDEA. Како што веќе споменавме, веруваме во нашата платформа за разбивање на структурната нееднаквост и ветуваме дека ќе бидеме сила за добро, во рамките на компанијата и во локалните заедници во кои делуваме.
Се обврзуваме со поставената “тројна долна линија” (луѓе, планета, профит) што значи подеднаков фокус на социјалните, еколошките прашања и профитот, а доказ за нашата посветеност е тоа што станавме сертифицирани од B Corp.