Фејсбук нема да го изгуби статусот на социјална мрежа бр.1 уште неколку години, но се чини надолниот тренд веќе “го има фатено за озбилно“, покажуваат резултатите во најновата анализа која синоќа имав прилика да ја читам на Marketing Pilgrim.
Дури 50% од учесниците во новата студија на GlobalWebIndex рекле дека Фејсбук го користат многу помалку отколку што тоа го правеле претходно (истражувањето опфатило 170,000 интернет корисници од 32 земји)
Овој процент е уште поголем во земјите кои се сметаат за “трендсетерски“ што се однесува до социјалните мрежи (UK и USA), таму тој изнесува 64% од испитаниците кои рекле дека се поретко се логираат оти “ИМ Е СМАЧЕНО“ од Фејсбук
Истражувањето на GWI ни покажувa дека иако Фејсбук има повеќе корисници, активностите како споделување на фотографии и испраќање на пораки се намалени за дури 20% во последниве две години.
Ова може да е сериозен знак дека новиве апликации за комуникација почнаа да земаат сериозен залак од бизнисот на Фејсбук…или дека на луѓето почнува да им се смачува да го споделуваат целиот свој живот во форма на видеа, слики и статуси од 20-тина збора :)
Настрана сите работи, она што сериозно треба да го загрижи Фејсбук е податокот дека дури 27 проценти од тинејџерите изјавиле дека “Фејсбук повеќе не е кул како што беше некогаш !!! “
Дека работите не се тргнати на убаво за Фејсбук, многу фино ни отсликуваат и податоците за порастот на број на корисници и активни корисници на социјалните мрежи во последниве 6 месеци:
Еден фин заклучок: Тинејџерите сеуште не го напуштиле Фејсбук (во Македонија посебно не), но новите генерации што доаѓаат на глобално ниво повеќе ќе преферираат графички ориентирани мрежи како Инстаграм или Tumblr.
Секој проект има свој раст и свој пад, ако Фејсбук сериозно не промени нешто во блиска иднина ризикува да биде отфрлен од новите генерации тинејџери ….а тогаш ќе има други социјални мрежи кои ќе понудат алтернатива на неговите сервиси, пооделно или комбинирано.