Компанијата за маркетинг истражувања WARC го претстави новиот извештај за дигиталното огласување на социјалната мрежа TikTok.
Иако оваа година се предвидува „забавување“ во растот поширокиот пазар на дигитално огласување, од WARC веруваат дека ТикТок ќе му „пркоси“ на тој тренд. Притоа, како причина за таквото предвидување се посочува фактот дека платформата „игра растечка улога во културата ширум светот“.
Според проценките изнесени во извештајот на WARC, приходите од огласување на ТикТок во текот на 2023 година ќе пораснат за неверојатно 51.7%, достигнувајќи вкупна вредност од 15.2 милијарди долари.
WARC предвидува дека во огласување на ТикТок најмногу ќе вложуваат компаниите во секторот технологија и електроника – околу 2 милијарди долари, односно 14.3% повеќе од минатата година.
Потоа ќе следуваат брендовите од категоријата на „тоалетни производи и козметика“ со инвестиции од околу 1.8 милијарди долари, па категориите „малопродажба“ и „облека и аксесоари“ со по 1.7 милијарди долари поединечно. Листата на топ 5 најголеми вложувачи на ТикТок ќе биде заокружена со компаниите од телекомоникациската индустрија, кои за огласување на платформата ќе потрошат околу 1.5 милијарди долари.