Последните прогнози покажуваат дека растот во 2019 година најверојатно ќе изнесува 3,6%, што претставува незначително помалку во однос прогнозите во јануарискиот извештај.
Dentsu, првата глобална групација за маркетинг услуги создадена за дигиталната економија, направи извештај за вложувањата во огласувањето за 2019 и 2020 година.
Поради големите случувања во 2020 година- Европското фудбалско првенство, Олимписките и Параолимписките игри во Токио во 2020 година и американските претседателски избори, експертите од групацијата Dentsu веруваат дека овие настани ќе предизвикаат уште поголем раст.
Дигиталното огласување се уште е главниот двигател на растот на инвестициите во огласувањето и се предвидува да порасне 11,5% на глобално ниво во 2019 година, што изнесува 249,7 милијарди долари. И тоа не запира таму. Инвестирањето во дигиталната технологија ќе се зголеми за 11% во 2020 година и ќе достигне речиси 45% од вкупната инвестиција во рекламирањето.
Целиот извештај можете да го преземете тука.