Компанијата “iPELLI design” ДОО Белград, како дел од “PelleITALIA Concept” – регионалниот систем за снабдување со италијанска кожа, мебел штоф, еко-кожа и метални ногарки за индустријата за мебел, успешно се претстави на Саемот за мебел, кој се одржа од 22. до 27. март во Скопје.
На најголемиот и најпосетениот регионален саем за мебел, на кој оваа година во единаесет хали свои излагања имаа 400 компании-учесници од регионот и од Европа, во конкуренција од 180 добавувачи на репрометеријали за индустријата за мебел, “iPELLI design” ДОО Белград и “PelleITALIA Concept”освоија прва награда за репроматеријал кожа, со артиклот “EPIC”, боја: 1307 JEANS. Се работи за најновиот тип на преработена говедска кожа со дебелина од 1,3-1,5 mm, мека на допир, со текстура и боја на JEANS (светло сина боја на фармерки, по што го добива и името), која е за прв пат претставена на Балканот.
Како што се наведува во соопштението на компанијата, “iPELLI design” ДОО Белград и “PelleITALIA Concept” со ова уште еднаш ја докажаа својата доминантност во делот за репроматеријал кожа на регионалниот пазар.
Овој меѓународен успех на оваа компанија од Србија е само вовед за претстојното отворање на нов салон и дистрибутивен центар на “PelleITALIA” во Софија (Бугарија), најавено за средината на 2016 година, со што се завршува третата фаза од влегувањето на овој систем на регионалниот пазар на Балканот.
Извор: eKapija