(25.08.2020) – IPG Mediabrands објави ревизија за медиската одговорност, прва од ваков вид, како дел од поголемите напори насочени кон подобрување на безбедноста на брендовите и одговорноста на медиумите во рекламирањето. Ревизијата на Mediabrands на платформите на социјалните мрежи заснована врз принципите на одговорност на медиумите е насочена кон заштита на брендовите и заедниците на кои им служат брендовите, мерење на влијанието на штетната содржина и проценка на политиките за приватност на различни платформи и нивната примена.
Ревизијата за медиската одговорност e сеопфатна проценка на сите примарни платформи на социјалните мрежи (Facebook, LinkedIn, Pinterest, Reddit, Snapchat, TikTok, twitch, Twitter и YouTube) во согласност со 10 принципи за да се провери моменталниот статус и одговорноста за секој посебен принцип. Се состои од вкупно 250 прашања и е фокусирана на воспоставување референтни точки кои зборуваат за одговорноста на одделните платформи.
Ревизијата (спроведена од Reprise – агенција за изведба на реклами во рамките на компанијата Mediabrands) покажа дека многу платформи преземаат чекори за подобрување на нивната работа во однос на медиската одговорност. Главните наоди откриваат како изгледа просекот наспроти исклучителни примери, како и кои се водечките платформи кои поставуваат стандарди во индустријата. Секој медиумски партнер беше споредуван со резултатите на најдобрите во класата, а Mediabrands беше во можност да ги рангира медиумските партнери како целина и нивните перформанси во однос на просекот на индустријата. Клучното откритие, дека „YouTube“ ги надминува сите брендови по повеќе критериуми, е доказ на промените што „YouTube“ ги направи пред три години како одговор на проблемите поврзани со безбедноста на брендовите на огласувачите. Ревизијата ќе се спроведува квартално за да им се овозможи на платформите да покажат напредок и да им помогнат на клиентите да ги имаат медиумски партнери одговорни за нивните обврски.
„Ревизијата на медиумската одговорност на компанијата Mediabrands е одговор на потребата на индустријата да се осигура дека сите се вклучени во заштитата на медските канали што се користат во рекламирањето, а сепак не резултира или не придонесува за штета“, рече Joshua Lowcock, Chief Digital Officer (UM) i Global Brand Safety Officer (Mediabrands).
„Она што го покажува оваа ревизија е дека сите платформи треба да бидат разработени од перспектива на одговорност на медиумите и дека различни платформи треба да го заработат своето место во медискиот план на брендовите“, рече Elijah Harris, Global Head of Social (Reprise). „Нашата ревизија има за цел да обезбеди транспарентност за огласувачите и потрошувачите за спецификите на секоја платформа во однос на 10-те принципи што ги издвоивме. Ревизијата е алатка што ќе ги рангира платформите според нивната способност да ги подобрат своите политики за одговорност и употребата на медиумите и да обезбедат следење на нивниот напредок со текот на времето. Се надеваме дека оваа алатка ги задоволува потребите на нашата индустрија и дека сите заедно ќе работиме за да создадеме поголемо добро. “
Повеќе информации на следниот линк.