Групацијата на медиски агенции IPG Mediabrands, која ги вклучува агенциите UM, Initiative и Mediahub, го соопшти назначувањето на Ричард Морис како нов генерален извршен директор (CEO) за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA).
Како што пренесува адвертајзинг магазинот Campaign, Ричард Морис ќе биде одговорен за водење на стратегијата на сите агенции на групацијата во регионот EMEA. Во исто време, тој ќе ја задржи и својата досегашна функција на извршен директор за Обединетото Кралство, на која беше назаначен во 2020 година.
Ричард Морис го доаѓа на местото на Кристијан Јохансен, кој беше извршен директор на IPG Mediabrands од 2020 година, но сега се сели во McCann Worldgroup, дел од IPG, како Chief Client Officer за Европа и Обединетото Кралство и Global Business Lead за нови клиенти. Во својата нова улога, тој ќе се фокусира на градење силни деловни партнерства и испорачување на креативни колаборативни решенија за постоечките регионални клиенти на McCann Worldgroup и новите глобални клиенти.
„Ричард е извонреден и визионерски лидер кој ја одразува нашата култура базирана на луѓе, вредностите на нашата компанија и нашата визија. Како што знаат оние кои работеле со него, тој ќе донесе понизност и топлина во оваа нова улога – ќе ги води нашите тимови во EMEA во својата следна фаза на развој – осигурувајќи дека ќе создадеме сеопфатна и колаборативна понуда за нашите клиенти и инспиративно, возбудливо и успешно работно место за секого“ – вели Џим Хајтнер, глобален оперативен директор на IPG Mediabrands.