Пишува: ИРА БАБИЌ, Brand Union
Полни 2 недели тимот на Brand Union активно, редовно, совесно ги завршува секојдневните работни обврски во домашни услови.
Реагиравме веднаш, и одлучивме да ја затвориме канцеларијата на денот кога објавија дека се затвораат училиштата. Одлуката беше едноставна, пред сè поради заштита на здравјето на секој еден од нас, но и бидејќи имаме одлично поставен систем на процеси и делегирани обврски, поради што бевме сигурни дека тимот беспрекорно ќе функционира и од дома.
Активностите во агенцијата се одвиваат со иста динамика и квалитет како и во деновите пред пандемијата.
Направивме промени во пораките кои ги пренесуваме, се креираат помалку промотивни и рекламни пораки, а сè повеќе содржина која што е во контекст на состојбата која ја живееме. Во време на вакви кризи, потребно е да се направи адаптација на содржината, повторно таа да е релевантна и да допира до публиката.
Маркетинг агенциите нема да бидат поштедени од последиците кои економијата генерално ќе ги претрпи. Веќе имаме откажани неколку маркетинг активности кои требаше да се реализираат во следниве месеци.
Неизвесноста е голема, а планирањето и предвидувањето скоро невозможно. Сепак, најголема грижа во моментов претставува јавното здравје, и желба состојбата да не ескалира и да ја најдминеме што е можно побрзо. Следува тежок период за сите, затоа најважно е да сме живи и здрави, бидејќи се останато ќе си одработиме.
Чувајте се.