Ирина Пашина, директор за маркетинг-комуникации во SAP, е еден од клучните предавачи на Marketing Kingdom Skopje, најголемиот маркетинг-настан во регионот, кој ќе се одржи на 30 септември во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Ирина е светски експерт за маркетинг со над десетгодишно искуство, специјалист за содржина, дигитален маркетинг и светски маркетинг-програми. Во нејзините различни улоги, таа поттикнува оперативна извонредност и проекти за лидерство во мислењето, утврдува процеси и функции и ги води соработниците и тимовите.
Способноста да се поврзе со луѓето од различни култури и предели е клучен фактор за нејзиното успешно справување со предизвикувачки задачи во различни области од В2В-маркетингот, како и во непрофитниот сектор. Нејзината страст за луѓето, огромното искуство со корисници и задоволството да спојува и да прави промени се она што ја движи напред. Ирина верува во меѓусебното поврзување на луѓето и во слободно време е и инструктор за групен фитнес и посветен волонтер.
Неодамна ја замоливме да ни даде неколку совети за маркетарите во Македонија. Во продолжение се наведени нејзините иновативни совети:
- Секогаш ставајте ја публиката на прво место – се работи за нив, не (само) за вас!
- Искуството на потрошувачите е главното нешто што ќе го истакне брендот. Во секоја комуникација направете сè што можете за да ги задоволите вашите потрошувачите.
- Разберете го контекстот на вашата публика и водете грижа за тоа во вашата комуникација. Релевантноста е од клучно значење.
- Привлечете така што ќе бидете кратки, јасни и доследни. Едноставноста победува.
- Бидете автентични и останете верни на вашите вредности (во брендот). Оживејте ги со ефектни приказни.
Marketing Kingdom Skopje го организира P World, македонска, меѓународна, креативна агенција, која организира луксузни бизнис-настани во 30 земји во светот. Marketing Kingdom за првпат се организираше во Загреб во март 2011 год. и оттогаш настанот се организира во 14 различни земји годишно, меѓу кои Исланд, Египет, Јордан, Мароко и Азербејџан.
Информации за цените и билетите за Marketing Kingdom Skopje можете да најдете на официјалната страница за настанот:
http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje