Ирскиот парламент стана вториот парламент во светот кој донесе закон со кој цигарите мора да се продаваат во неозначени кутии и покрај најавите на тобако компаниите кои се закануваат со тужби.
Japan Tobacco International и Imperial Tobacco Group се заканија со тужби против законот со кој се утврдува забрана за истакнување на логото на производителите на кутиите цигари.
Сличен закон во 2012 година донесе и Австралија со цел намалување на пушењето која уште тогаш се соочи со пријава од светската трговска организација со образложение дека законот создава незаконски препреки на трговијата.