Лебот што го користи американскиот ланец брза храна Subway не ја исполнува дефиницијата за леб или основна храна, пресуди Врховниот суд во Ирска
Ирскиот Врховен суд донесе одлука дека лебот што се сервира во Subway, американски ланец за брза храна, со филијали во повеќе од 100 земји, не може да се дефинира како леб затоа што содржи премногу шеќер.
Целиот случај беше покренат за да се утврди дали лебот во Subway може да се смета за „основна“ храна и со тоа да биде ослободен од данок. Се покажа дека лебот има пет пати повеќе шеќер од дозволеното, па затоа беше одлучено дека не може да се квалификува како леб.
Ова не е прв пат Subway и нивните состојки да предизвикаат полемики.
Компанијата започна да го отстранува азодикарбонамидот од белото брашно во 2014 година, бидејќи се покажа дека средството за белење се користи во производството на јога душеци и теписи, а тоа е забрането за употреба во прехранбената индустрија во Европската унија и Австралија.