Некогашната хокејарска звезда Isaiah Mustafa и американскиот глумец и поранешен играч на американски фудбал Terry Crews за прв пат се појавуваат заедно во иста реклама на Old Spice.
Old Spice веќе подолго време ги користеше овие два лика да се приближи кон различни сегменти потрошувачи презентирајќи ги во целосно спротивни светла и различи света. Mustafa беше магионичарот кој знае како нежно да допре до женските срца, а Crews претставуваше набилдан маж со вишок тестостерон кој постојано вика.
Во својата нова кампања, за прв пат во историјата на Old Spice двајцата мажи настапуваат заедно. Рекламата е креирана од агенцијата Wieden+Kennedy Портланд а наесен се најавува дека ќе бидат претставени уште 6 спотови во кои ќе настапат Mustafa и Crews.