Дуна Настани (DUNA Events) е најдобриот тим за организација на корпоративни и интерни настани во регионот!
Така вчера одлучи експертското жири на RSVP Фестивалот, како единствена годишна манифестација која што на регионално ниво ги собира компаниите што работат во сферата на организирање на настани. Тимот на Дуна Настани ја доби Првата награда во категоријата Најдобар B2B / B2C / Интерен настан, во конкуренција на Event компании од Хрватска, од Словенија, од Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија. RSVP Фестивалот 2017 се одржа во вторникот и во средата, на 07 и 08 февруари, во Загреб, Хрватска.
“Ова за нас е исклучително признание и многу сме горди на наградата, особено што е препознаен нашиот професионализам и посветеност помеѓу многу сериозни играчи во оваа индустрија во регионот. Ова признание дополнително ќе нè мотивира постојано да ги поткреваме границите на нашата креативност за проекти во Македонија, но и на пазарите во регионот и пошироко. Оваа награда, всушност ја добивме за организирање на повеќедневна манифестација надвор од границите на нашата земја, за интернационален клиент, која што се одржуваше во Грција.” – изјави Љубица Бартуловиќ Лазаревска, Менаџер за организирање на настани во ДУНА Настани.
Наградата на RSVP Фестивалот 2017 е добиена за реализиран настан за меѓународен клиент – 12th FM World Anniversary. Притоа, Тимот на Дуна Настани организираше интернационален тренинг за лидерите на FM World од Полска и серија од настани со кои што се одбележуваше 12-тата годишнина на брендот. Низата од специфични настани се оджуваше од 01 до 07 октомври 2016 година, во местото Термисиа, во Грција. Идејното, техничко решение и организацијата на вкупно петте настани во времетраење од шест дена беше комплетно покриено од страна на тимот на Дуна Настани.
RSVP Фестивалот, кој ги собира најдобрите компании од регионот од сегментот на организацијата на настани, се одржува веќе трета година и доделува годишни награди за осум категории: Најдобар B2B/B2C/интерен настан; Најдобар настан за претставување на производи или услуги; Најдобар конгрес/конференција/саем; Најдобар спортски настан; Најдобар музички настан; Најдобар настан од областа на културата; Најдобар непрофитен/општествено корисен настан; како и Најдобар online настан.