Француската адвертајзинг агенција Herezie и производителот на шампањ Charles Heidsieck ја отпочнаа својата соработка со кампањата „Exploring Depth“ („Истражување на длабочините“), неодамна претставена на Инстаграм, а лансирана меѓународно со принт и надворешни реклами на 20 октомври.
Снимена 30 метри под земја во 2000-годишните варовнички визби во Ремс, Франција, впечатливата кампања организирана од Herezie и фотографот Љубодраг Андриќ ги слави подземните простории во листата на светското наследство на УНЕСКО, а во сопственост на винаријата Charles Heidsieck. Кампањата ја открива уникатноста на варовничките визби и уникатниот карактер што им ги даваат на шампањите на Charles Heidsieck, меѓународно познати по нивната текстура и длабочината на нивната арома.
Фотографот Љубодраг Андриќ се издвојува како современ визуелен уметник чие уметничко истражување се фокусира на односот меѓу просторот и архитектурата. Познат по неговата моќна, текстурална и живописна фотографија на пејзажи, неговите дела се изложени во бројни уметнички галерии ширум светот (Robert Koch, Сан Франциско; Nicholas Metivier, Торонто…).
Андриќ поминал пет дена во подземниот свет на варовничките визби, кои нудат идеални услови за стареење на шампањите, со температура од 10 степени Целзиусови во текот на целата година и точно ниво на темнина и влажност.
Целта на Андриќ била да ги долови длабочините на древните визби, нивната текстура и мистериите во нив. Неговите фотографии си играат со светлината, нагласувајќи ја бојата и текстурата на варовничките ѕидови, доловувајќи ја уникатноста на петте препознатливи вкусови на винаријата: Brut Réserve, Rosé Réserve, Blanc de Blancs, Brut Millésimé и Blanc des Millénaires.
Секоја од 5-те избрани фотографии за кампањата нуди уникатно визуелно и сетилно искуство. Тоа што иницијалите на Charles Heidsieck се првите две букви од зборот “champagne” (шампањ) е среќна случајност за бренд кој се смета за репер во оваа област. Агенцијата ја искористи можноста за паметно да го интегрира монограмот на брендот со зборот „Шампањ“ и така да создаде моќен, уникатен идентитет.
„Истражување на длабочините“ ќе биде присутна во продавниците и на социјалните мрежи на брендот, а краткиот филм ги носи гледачите во посебниот свет на варовничките визби на Charles Heidsieck:
Заслуги
Brand: Charles Heidsieck
Managing Director: Stephen Leroux
EPI Chief Brand Officer: Michaël Aidan
Brand Director: Véronique Lamotte
Communication Manager: Valentine Girault-Matz
Agency: Herezie
President: Andréa Stillacci
ECDs: Paul Marty et Etienne Renaux
AD: Quentin Six
Account team: Maud-Émilie Baron et Aliénor Mirande
Director of Production: Félix Lenoir
Production: INK
Artist: Ljubodrag Andric
Director: Axel Delwarte