Истражувачката агенција Ипсос спроведе истражување на медиските навики на хрватите преку собирање податоци преку онлајн панел на примерок од 1.023 испитаници кои ја потврдија апсолутната доминација на интернетот.
Истражувањето спроведено од Ипсос во соработка со порталот 24sata за медиските навики на Хрватите во 2019 година ја потврдува значајната супериорност на интернетот на пазарот во Хрватска. Порталот 24sata, веќе 4 години активно ги следи медиските навики на потрошувачите во Хрватска, а ова контролно истражување само ги потврди трендовите и доминацијата на интернетот која постојано расте.
Иако опширното медиско истражување од 2017 ја истакна огромната моќ на интернетот, последните резултати од 2019 потврдуваат дека интернетот е главен извор на информации за 78 проценти од испитаниците и претставува медиум кој најмногу го користат и младите и старите во текот на денот. Резултатите покажуваат дека дури 91,6% од испитаниците го користат интернетот неколку пати на ден, а во однос на сите претходни истражувања, интернетот за прв пат ги брише и меѓугенерациските граници – толку е доминантен што 9 од 10т корисници од различни возрасти велат дека го користат интернетот повеќе пати на ден. Освен тоа, 87,7% од нив тврдат дека им дава уникатни информации кои не се достапни на друго место.
Најмногу го користиме и најмногу му веруваме
Моќта на интернетот е потврдена и со резултатите во категоријата на медиуми со најголема доверба, па 56,6% од испитаниците го избираат интернетот, а дури двојно помала доверба и` даваат на телевизијата.
Кога станува збор за точноста и веродостојноста на информациите, 53,6% од корисниците сметаат дека интернетот е најсигурен медиум. За споредба, телевизијата ја избираат само 28,2% од испитаниците како релевантен извор на информации. Покрај тоа, интернетот е најчесто користен медиум наутро па во текот на целиот ден, додека телевизијата накратко го зема приматот само навечер. Интересен е податокот што гледајќи телевизија, повеќе од 40% од испитаниците за тоа време сурфаат, односно најчесто бараат содржина што не е поврзана со емисијата што се гледа – во речиси 95% од случаите.
Најдобрата содржина е на Интернет
Според резултатите од истражувањето, интернетот е исто така, далеку пред другите медиуми и покриеност со содржини. Хрватите најмногу информации во областа на здравството, спортот, науката, технологијата, економијата, шоута, гастрономијата, образованието и начинот на живеење бараат токму на интернет. Повеќе од 70% од испитаниците на ова истражување се согласија дека медиумите ги следат бидејќи сметаат дека е важно да биде информиран, 62,3% објаснуваат дека следењето на медиумите е дел од нивната секојдневна рутина, а за 58,8%, медиумите служат за да им обезбедат објаснување за настаните кои директно влијаат врз нивните животи. На прашањето – на кој начин ги следат содржините од дневните весници, попрецизно дали читаат печатено издание, веб портали или користат апликации, најголем број од испитаниците на прво место ги ставиле сајтовите за вести, речиси 70% од нив. Печатено издание преферираат 35,6% од читателите, а мобилната апликација е на трето место со 22,8%.
Интернетот е за се` – информирање, комуницирање, шопинг
Времето поминато на интернет во работните денови и викенди во целина не се разликува – речиси половина од испитаниците поминуваат на интернет 4 или повеќе часа, но за викендот има повеќе време, па карактеристично е малку подолго задржување на порталите и другите сервиси. А за што им служи? Речиси сите возрасни групи се согласуваат дека главната цел за користење на интернетот е комуникација преку е-маил, а на второ место со 82,1% е барањето на корисни информации и информации за актуелните настани – 80,7%. Истражувањето потврди дека хрватите ја користат интернет комуникацијата во голем процент. Освен е-маил, 79,5% од нив користат Messenger за разговор. Очекувано, хрватите најмногу сурфаат преку мобилни уреди, што го потврдува фактот дека интернетот е присутен во сите сфери од секојдневниот живот. Повозрасната популација користи интернет за “сериозни” потреби, како на пример, наоѓање на корисни информации и онлајн шопинг, додека помладите повеќе го користат за посета на социјалните мрежи, гледање видеа и слушање музика.
YouTube е најпопуларен
Медиските навики покажуваат дека YouTube е прва мрежа според бројот на корисници, со високи 92,7% од испитаниците што најмногу го користат токму овој канал. Истражувањето покажува дека испитаниците на Фејсбук поминуваат најмногу време во текот на денот, 24,6% од нив ја користат оваа социјална мрежа повеќе од два часа дневно, најчесто за комуникација со пријателите и семејството. На YouTube, очекувано најмногу се следи музичка содржина, но едукацијата и how-to содржината ја претркаа забавата.
Највлијателни се интернет рекламите
Истражувањето покажува дека 86 проценти од луѓето се согласуваат дека рекламите и медиумите повеќе или помалку влијаат врз нивните одлуки за купување. Кога станува збор за донесување конечна одлука за купување, веднаш после разговорот со пријателите, интернетот има најголемо влијание со 44,3%. Следуваат печатените изданија со 25,8%, а трета е телевизија со 19,2%. Во истражувачкиот сегмент на однесувањето на испитаниците за време на рекламните блокови на ТВ, резултатите од истражувањето покажуваат дека телевизиските реклами се користат за одење во тоалет, сурфање, разговор со членовите на семејството и подготовка на јадење. Нешто помалку од половина од гледачите веднаш преминуваат на друг ТВ канал, а 23% ќе ги гледаат рекламите исклучиво доколку ги заинтересираат.
24sata е највлијателниот премиум издавач во Хрватска
Истражувањето на хрватските медиски навики покажа дека повеќето од испитаниците својата доверба им ја дадоа на порталот 24sata. Дури 79% од корисниците го избрале 24 sata како прв избор кога бараат информации. Вкупните податоци кои се собираат во текот на годината потврдуваат дека мулти-платформската машинерија на 24sata достигнува до 1 од 2 Хрвати дневно преку комбинација на онлајн и принт канали (gemiusAudience, Facebook, Instagram, Ipsos MEDIApuls, 2018). Сите содржини се објавени во мрежата на топ брендови 24sata, miss7, JoomBoos, BlogBuster, Express, кои на читателите им гарантираат доверба и квалитет, а посебна вредност дава врвната продукција за која само во последните две години има освоено 40 награди (Native Advertising Awards, Digiday, INMA Global Media Awards и други). Содржината е направена од искусни професионалци кои имаат најсовремена опрема и експертиза на располагање.
24sata го потврдува статусот на премиум издавач со најлојална публика од 1.880.000 единствени корисници кои ја препознаа високо квалитетната содржина на платформите на 24sata (gemiusRating, 2019/01). Крајниот корисник добива сигурни информации и оригинални и ексклузивни содржини обработени на иновативен начин. Дисплеј огласите се 57% повеќе видливи од просекот на пазарот (Google, 2018), а времето поминато на 24sata.hr е 680 години, додека референтна точка на пазарот е 181 години, што е 276 проценти повеќе од конкуренцијата (gemiusRating, 2019/01). Според Гемиус, 24sata е надмоќен и на интернет, каде досегнува до 2 од 3 корисници, а тука е и импресивната бројка од 2.73 милиони фанови на Фејсбук.
Пазарот не го следи однесувањето на потрошувачите
Планирањето на медиумскиот микс е од суштинско значење за секој огласувач, како и познавањето на медиските навики на публиката. Но, и покрај најновите податоци кои потврдуваат апсолутна доминација на интернетот, инвестициите во дигиталното огласување во Хрватска изнесуваат само 17% (Hura AdEx, 2017). Пропуштените можности на пазарот се видливи и во споредбата со другите пазари, како што е на пример Велика Британија, каде што проценетиот удел на инвестициите во дигиталното огласување изнесува 63,6% (eMarketer.com, 2018).