Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата државата. Агенцијата 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 3-ра година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.
Еден од најголемите предизвици за компаниите во широката потрошувачка е како да го позиционираат брендот на повисока позиција во свеста на потрошувачот, за при избор на производ во соодветната категорија да го изберат токму производот од компанијата. Според претходните истражувања од Инсајдер ИД, кај 5%-8% од потрошувачите постои висока лојалност кон брендот, што директно посочува дека над 90% од потрошувачите носат одлука врз база на моменталниот избор.
Многу е важно да се даде појаснување во однос на прашањето. Најпознат бренд може но не значи дека е и најчесто купениот од страна на потрошувачите. Постои веројатност и често однесување каде потрошувачите сметаат дека еден бренд е најпознат во категорија, додека купуваат друг бренд во категоријата. На одлуката за купување на производ влијаат многу други фактори како цена, квалитет, достапност, промоции и меѓу кој што е и самиот бренд. Со дефинирање на позицијата на брендовите во перцепцијата на потрошувачите, се овозможува компаниите да го анализираат ефектот од маркетинг и комуникациските активности кои биле преземени во претходната година. Промената во позициите ќе овозможи да се анализира, колку брзо може да се промени однесувањето кај потрошувачите а со тоа и поврзувањето со конкретен бренд.
Учеството во категориите зависи од интензитетот на конкуренција и позиционирани брендови. Колку е поголем интензитетот на конкурирање и поголемо е учеството тоа е посилна позицијата на најпрепознатливиот бренд. Генерално, нема значајни промени на позициите кај најпознатите брендови во соодветните категории. Промените се настанати таму каде нема доминантен бренд и можноста за преземање на приматот е многу поверојатна. Со соодветна стратегија еден бренд во следното истражување или може да го зголеми учеството, или пак доколку конкурентските брендови го направат истото да го преземат приматот.
Анализирани се вкупно 18 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анкетирани се повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територијата на целата држава.
Анализирани се 17 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана Вода, Негазирана Вода, Здрава Храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) Кафе, Природни Сокови и Сончогледово Масло.
Во однос на брендовите кои што се на првите позиции според нивната препознатливост, не се забележливи големи промени. Всушност за дел од брендовите кои што во претходното истражување 2021-ва година бележат намалено учество, во тековното се “враќаат” на вредностите од 2020-та година.
Во категориите Млеко и Јогурт нема значајна промена во однос на истражувањето од 2020-та и 2021-ва година. Битолска Млекара со брендовите Битолско Млеко и Битолски Јогурт бележат високо учество во вкупните резултати од 54% односно 46%. Посочените категории се едни од најинтензивните од аспект на број на позиционирани брендови, но производите на Битолска Млекара обезбедуваат значајно високо учество и се најпознати за секој втор потрошувач.
Во третата категорија Кашкавал, на прва позиција е брендот Здравје Радово кој е прво позициониран и во претходната 2021-ва година. Сепак, учеството кое што го има во вкупната структура е 15% и разликата со другите брендови е прилично ниска особено со Кораб Трница. Во категоријата се наведени повеќе од 20 брендови од потрошувачите, со што и е очекувано еден бренд да го нема доминантното учество на пазарот. За категоријата Сирење е повторно Здравје Радово со 25% учество и бележи континуирано зголемување од првото истражување во 2020-та година.
Кај Сувомеснати Производи како и во претходното истражување, повторно се позиционира Златиборац со 31% и исто како и категоријата на Сирење, забележливо е континуирано зголемување на учеството од 25% во 2021-ва и 22% во 2020-та.
Брендот Милка ја има повторно доминантната позиција со 43% во категоријата Чоколадо, каде се позиционирани повеќе од 18 различни брендови. Милка бележи зголемување од 4% споредбено со истражувањето во 2021-та година и има иста вредност како и во 2020-та година.
Како и во минатогодишното истражување, Скопско Пиво ја држи првата позиција во Пиво со 42% со зголемување од 4% во однос 38%-те во 2021-та година. Иако на краток рок нема да има промена, бидејќи Скопска Пивара има голем број на маркетинг и комуникациски активности кои што влијаат на перцепцијата кај потрошувачите, забележливо е дека и други брендови имаат значително учество кое што во иднина постои потенцијал да се зголеми и да ја зголеми конкуренцијата во категоријата.
Во категоријата Вино ја има една од најголемите промени во процентуалното учество на најпознатиот бренд. Повторно е Тиквеш најпознат бренд, но бележи зголемување од 8% или од 53% во 2020-та на 61% во 2021-ва година. Сепак, во значајно интензивната категорија Вино, Тиквеш е најпознат бренд за секој втор потрошувач кое што е значајно достигнување и позиција во свеста на потрошувачите. На “сметка” на намалувањето на учеството кај најпознатиот бренд, останатите ги имаат зголемено учествата кај потрошувачите и забележливо е дека помалите винарии иако немаат значително учество се појавуваат како брендови.
Категориите Газирана и Негазирана Вода во истражувањето во 2021-ва година беа анализирани како една, додека во истражувањата 2020 – 2021 година се раздвоени на две. И во двете категории има голем број на позиционирани брендови и прилично голема конкуренција, со мал ценовен распон на производите, со позиционирањето во свеста на потрошувачите и препознавањето на брендот се клучни за продажбата. Во првата Газирана Вода, како најпознат бренд е позиционирана Пелистерка со 33% и раст од 25% во 2021-та. Во втората категорија за Негазирана Вода како најпознат бренд се наоѓа Горска Вода со 19% учество.
Виталија ја здржува позицијата како најпознат бренд во Здрава Храна и во 2021-ва со 48% но со зголемување на учеството од 39% во 2021-та година. Во категоријата која станува се поинтензивна, пред се поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави производи а со тоа и привлекуваат голем број на компании да позиционираат производи во таа категорија, Виталија задржува значајно учество. Всушност секој втор потрошувач ја смета Виталија како најпознат бренд во Здравата Храна.
Во категоријата Сладолед, Цермат е на првата позиција како најпознат бренд со зголемување од 1% или од 23% на 24%. Тоа што е забележливо е дека Цермат иако не со големи стапки, ја зголемува позицијата и учеството од првото истражување до овогодинешното. Имајќи во предвид дека категоријата Сладолед е високо интензивна и малата промена може да биде високо позитивна. Цермат по главниот бренд има многу повеќе суб-брендови и категории на производи. За категоријата Чипс, Чипси е повторно на првата позиција со 23% учество кое е приближно идентично со минатогодишното од 24%.
Гранд Кафе е повторно најпознат бренд во категоријата Традиционално (Турско) Кафе. Брендот повторно го зголемува учеството од 32% во 2021-ва на 37% во 2022-ра. Забележливо е високо зголемување на учеството имајќи во предвид дека во 2020-ра година (првото истражување) учеството било 22%. Маркетинг комуникацијата која што е реализирана во последните три години го зголемила процентот на потрошувачи кои што го позиционираат како најпознат бренд а со тоа и ја зголемуваат позитивната разлика со конкуренцијата.
Кај Природните Сокови, првата позиција како најпознат бренд ја има Вива со 30% односно за секој трет потрошувач. Компанијата има прилично интензивен маркетинг и комуникациски активности, со што и очекувано да биде бренд со највисока перцепција од страна на потрошувачите. Брендот бележи зголемување на учеството од 30% во 2021-ва година.
Витаминка ги има најпознатите брендови во категориите Флипс со Стоби Флипс и Сончогледово Масло со Брилијант. Во првата категорија го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати категории со 87% за Стоби Флипс и доминантно учество со 57% во втората со Брилијант. И во двете категории компанијата бележи зголемување на учеството во споредба со истражувањето во 2021-ва година.
Истражувањето “Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови” е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. За повеќе информации во однос на истражувањето контактирајте на info@insider.mk или +38971210471.