За 29% од блогерите, креаторите на подкасти и видео содржини, креирањето на интернет претставува единствен извор на приходи
Американската медиска компанија Social Media Examiner е првата која започна истражување Creator Monetization Report 2017 во кое се вклучени бројни креатори на подкасти, блогови и видео содржини и се заинтересира како тие заработуваат.
Во истражувањето, во кое соработувал и основачот на Social Media Examiner, Мајкл Стелзнер, биле вклучени 4300 креатори на содржина. Повеќе од 28% од нив, не заработуваат пари со блоговите, подкастите и видео снимките, додека за 29% од нив, креирањето на таквите содржини на интернет претставува единствен извор на приходи.
Повеќе од половина од нив најмногу пари заработуваат со продажба на огласниот простор. Следуваат оние кои со пишување на блогови и објавување на видео содржини ги продаваат своите производи (46%) и услуги (42%).
Повеќето креатори на содржини на интернет велат дека сега заработуваат повеќе од пред една година, за 37% од креаторите на содржини заработката не се променила, а само 13% велат дека заработуваат помалку. Повеќето од нив (62%) не се задоволни со својата заработка!