ИСТРАЖУВАЊЕ (14.07.2021) / КОРИСНИЧНИ НАВИКИ ЗА ФЕЈСБУК (Facebook) ВО МАКЕДОНИЈА

Simulacrum во соработка со Маркетинг365, изработи истражување и анализа на корисничките навики за Facebook (Фејсбук) во Македонија.

Истражувањето има вкупно 21 страна и во него јасно се дефинирани профили на македонските корисници на Фејсбук (Facebook) според возраст и истото дава одговор на различни прашања поврзани со корисничките навики, преференциите при користењето на останатите социјалните мрежи, односот спрема инфлуенсерите и генералната ситуација при користењето на интернет.

За потребите на истражувањето е спроведено анкетирање на 1200+ лица на целата територија на државата.

Користени се два комбинирани методи CAPI (Computer Assisted Paper Interview) и CAWI (Computer Assisted Web Interview) се со цел добивање репрезентативен примерок и релевантност на податоци.

Истражувањето чини 3500 денари + ддв и може да се нарача на следнава е-маил адреса: contact@marketing365.mk