Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4 спроведува истражување за состојбата на професијата Односи со јавноста во Македонија, а локален медиски партнер на истражувањето е Маркетинг365.мк.
Ова истражување е дел од меѓународното истражување кое го спроведува мрежата на Чептер 4 агенции во Југо-Источна Европа по повод десет години од своето постоење.
Основната идеја е да се добијат компаративни (споредливи) податоци за професијата во различни држави, со мал осврт кон минатото и поголем фокус кон сегашноста и иднината. Во месечното истражување се повикуваат да учествуваат професионалци од областа на комуникациите, клиентите, експертите, студентите и стручната јавност.
На овој начин, ќе се добијат информации кои ќе покажат каде е позиционирана професијата Односите со јавноста, со кои предизвици се соочува и кон кои стратешки насоки ќе се насочи. Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани пред македонската јавност, но и ќе бидат дел од меѓународна публикација и промоција.
Сите заинтересирани може да учествуваат во ова кратко истражување со десет прашања на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScWGCHQ9d22XtAoeVhDInbHGRvTEhI223nzLmJnzSbcTeCxoA/viewform
Истражувањето е анонимно и на никој начин, не открива кој учествувал и дал придонес во неговата реализација.
Чептер 4 и Маркетинг365 Ви се заблагодаруваат за Вашиот придонес.