Хрватското здружание на агенции за деловно комуницирање (HURA), во соработка со агенцијата за истражување на пазарот IPSOS, спроведе истражување за соработката на огласувачите со маркетинг агенциите на репрезентативен примерок од високо позиционирани огласувачи во јуни и јули 2016 година. Истражувањето покажало дека 98% од огласувачите користат услуги на маркетинг агенциите и дека маркетинг агенциите се многу важен партнер во работењето на компаниите. Речиси секој втор клиент смета дека членството во HURA е индикатор за успешност и квалитет на агенцијата, а речиси сите огласувачи се запознати со HURA.
Истражувањето покажало дека огласувачите наголемо ги користат услугите на агенциите и дека имаат искуство со сите видови на агенции, бидејќи во последните две години повеќе од 70% од испитаниците соработувале со медиска и и креативна агенција, а од нив, околу 60% со full-service, дигитални и ПР агенции.
При изборот на агенциите со кои ќе соработуваат, истакнале три главни критериуми – квалитетот и посветеноста на тимот (59%), квалитетот на понуденото решение, услуга или производ (59%) и разбирањето на индустријата (42%). Интересно е тоа што поголемиот број на испитаници не ја истакнуваат цената на услугите како пресуден критериум при изборот, како ни наградите. Огласувачите сметаат дека наградата EFFIE за ефикасна деловна комуникација е далеку најважна награда во домашната огласувачка индустрија (56%). Следува меѓународното натпреварување Cannes Lions (47%) и домашното натпреваруање на креативноста IdejaX (41%).
За познавањето на работата на HURA, истражувањето открило дека само 10% од испитаниците не знаат за HURA, а најголемиот број на испитаниците, дури 92% сметаат дека работата на HURA е корисна. Како најважни активности на HURA ги наведуваат стручните натпреварувања Effie, IdejaX, Young Lions (56%), Денови на комуникациите (44%) и Кодексот за огласување и деловно комуницирање на HURA (41%).
Речиси секој втор огласувач смета дека членството на маркетинг агенцијата во HURA е индикатор за успешна и квалитетна агенција.