(РЕГИОН) – Агенцијата за организирање на настани и односи со јавноста Abrakadabra, во соработка со MASMI – агенција за истражување на пазарот, спроведе истражување за состојбите со ПР пазарите во нашиот регион, во кое учествуваа 60 ПР стручњаци од корпоративниот сектор од Хрватска и Србија.
Главната цел на ова истражување била да се дојде до нови сознание во врска со односите со јавноста во корпоративниот сектор како и соработката на корпоративните комуникациски одели со ПР агенциите. Истражувањето е спроведено на пазари во кои самата агенција Abrakadabra работи, со цел и самата да добие дополнителен insight во посебноста на поединечните пазари од “комуникациски агол“ на гледање.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека и покрај тоа што во моментов има погодни услови за влез на странски агенции, ПР стручњаците во хрватскиот и српскиот корпоративен сектор сеуште преферираат соработка со домашните агенции бидејќи сметаат дека тие подобро го разбираат пазарот. Регионалните агенции се следни на листата “преферирани“, бидејќи и за нив се смета декоа добро го разбираат локалниот пазар а регионалноста се смета за доста корисн.
Дури 60% од компаниите на двата пазари соработуваат со агенции за односи со јавноста. Половина од компаниите кои учествувале во испитувањето (во двете земји) се големи компании со преку 500 вработени и имаат долгогодишно искуство во ПР-от. Односите со јавноста играат важна улога во компаниите на двата пазари. Хрватските професионалци истакнуваат дека ПР-от учествува на 66,7% од одлуките на компаниите. Во Србија истото го тврдат 46,7% од испитаниците.
Мнозинството од ПР стручњаците од корпоративниот сектор во двете земји (90% во Хрватска и 86,7% во Србија) сметаат дека нивните комуникациски пазари се под негативни влијанија а како главни причини за тоа ја наведуваат кризата во медиумите и недостатокот на интегриран пристап на маркетинг стручњаците (во Хрватска) и медиската криза и недостатокот на заеднички иницијативи внатре во индустрискиот сектор (во Србија).
Економската криза во регионот се смета за највлијателен фактор при изборот на ПР стратегија во последните неколку години, таа донела до значаен пат во инвестирањето во ПР активности и влијаела на бројот на адаптирани кампањи.
Мнозинството од испитните ПР стручњаци од Хрватска ги одредува своите KPI (Key Performance Indicators) во соработка со ПР агенцијата (61%), за разлика од пазарот во Србија каде дури 66% ги одредуваат самостојно.
Што се однесува до самите KPI индикатори, мнозинството смета дека бројот на објавите е најважна цел (83,3% во Хрватска и 86,7% во Србија) и дека така ќе биде и во иднина. AVE анализата и “остварените импресии“ се вториот и третиот, но оние најчесто се користат заедно со бројот на објави и преферирањето на еден над друг индикатор најчесто зависи од компаниите.
Кога се зборува за иднината и за тоа што се се очекува од ПР агенциите, инервјуираните ПР професионалнци како најважно го нагласуваат интегрирањето на комуникациските услуги (PR, организирање на настани, социјални медиуми) во Хрватска (70%) и образованието на вработените, доверливоста, кредибилитетот и приврзаноста (93%) во Србија.