Оние кои сакаат за успеат во овај регион мораат да имаат понуда која е привлечна за локалните пазари, и не смеат да се плашат од неуспех
Компанијата Interbrand ја спроведе својата прва анализа на брендовите во Јапонија, Кина, Индија и Јужна Кореја, а истовремено анализираше и како брендовите растат во Австралија и на пазарите во југоисточна Азија.
Оваа сеопфатна студија укажа на раст на сите поголеми азиски пазари, според податоците собрани во текот на последните пет години. Анализата и истражувањето истакнуваат дека регионот влезе во перод на забрзани промени.
Заеднички фактори кои можат да бидат идентификувани од студијата се промени во однесувањето на потрошувачите, дигитализацијата и начинот на кој брендовите реагираат или не реагираат на овие промени.
Стјуарт Грин, главен извршен директор на Интербренд Азија Пацифик, изјави за британскиот магазин TheDrum дека јапонските брендови како што се Субару и Мазда забележале најголем раст, бидејќи доследно се фокусирале на автентичниот квалитет, привлекување на клиенти и одржување на брендот во јадрото на својот бизнис.
Тој додаде дека отвореноста за нови бизнис модели и флексибилноста, исто така биле од витално значење и за другите компании кои го направија најголемиот скок во листата.
Запрашан што брендовите кои се фокусирани на регионално ниво можат да научат од оваа студија, Грин вели дека клучен фактор е тоа што брендови нудат производи кои се атрактивни за локалните пазари и дека не треба да се плашат од неуспех.
“Регионално фокусираните брендови можат да научат многу од водечките брендови во Кина. Прво, тие мора да ја препознаат потребата за локализација и прилагодување на нивните понуди за да одговараат на локалниот пазар – како во моделот на работењето, така и на потребите на потрошувачите“, изјави тој.
“Второ, треба да се препознае неизбежната потреба за брзо реагирање на промените во овие пазари. Брзината и одзивот се се` во Кина. И на крај, тие треба да ги охрабрат своите тимови во Кина да ги испробаат новите модели и понуди – да не се плашат од неуспех само затоа што тие се големи регионални брендови “.
Уште еден интересен детал којшто студијата го препозна е тоа дека брендовите со разноводна понуда во овај регион забележале поголем успех отколку оние кои имаат само една понуда.
Целокупниот Best Asian Brands извештај можете да го пронајдете овде.