РЕГИОН – Загребската дигитална агенција, досега позната како iSTUDIO, која е една од водечките хрватски агенции, во склоп на своето ширење на европскиот пазар се одлучи за ребрендинг и преименување во Degordian.
Во репозиционирањето на iSTUDIO фокусот бил ставен на промената на бизнис стратегијата од social media агенција во performace oriented агенција и на темелот на резултатите од анализата за настап на европскиот пазар и новата бренд платформа креираа ново лого и ново име – Degordian , кое ја носи конотацијата на расчленување и одврзување на Гордиев јазол,т.е.брзо и ефикасно решавање на најкомплицираните дигитални предизвици.